ЕУ планира да воведе такса за сите мали пакети кои доаѓаат од Кина

Европската унија планира да наметне рамна такса за милијарди мали пратки кои пристигнуваат главно од Кина, што е нов удар за онлајн трговците на мало како што се Temu и Shein, објави вчера Financial Times.

Европската комисија објави нацрт-предлог за такси за ракување или складирање, откако земјите-членки на ЕУ извршија притисок за акција бидејќи нивните царински органи се преоптоварени со 4,6 милијарди артикли кои се увезуваат директно во домовите на луѓето секоја година. Во предлогот не е прецизирана висината на таксата, но бизнис весникот објави дека таа ќе биде околу две евра, повикувајќи се на извори запознаени со ставот на Комисијата.

Европскиот комесар за трговија, Марош Шефчовиќ, вчера рече дека предложил таканаречен манипулативен надомест или подобро кажано, за ракување и складирање на пакети. За директна продажба би важела такса од две евра, додека артиклите што се испраќаат во магацини би се оданочувале со 0,50 евра.

Дел од остварениот приход би ги покрил трошоците за дополнителни царински проверки, а останатите пари ќе се насочат во буџетот на ЕУ.

Шефчовиќ вети дека ќе се справи со порастот на пратки кои пристигнуваат во ЕУ, што, според него, довело до зголемување на опасните и неусогласени стоки и поплаки од трговците од ЕУ за нелојална конкуренција.

( Financial Times)

Зачлени се на нашиот е-билтен