Априлили-ли-ли. Сепак веста што ја објави српскиот портал vinoinfo, за некои винарии од Бургундија, поточно од Шабли и Монтраше, полнат шишиња со македонска смедеревка наместо вино од сопствените винарии, е само првоаприлска шега.
„Дека удривме во центарот – медиумите обожаваат да пишуваат за проблемите во винската индустрија – доказ е фактот што многу регионални медиуми доста сериозно ја пренесоа оваа вест, пишува порталот.
Веста што на 31 март ја објави српскиот портал ја пренесоа повеќе српски и македонски медиуми.
Како што пишува порталот целата приказна, од почеток до крај, е плод на нивната имагинација.
Доколку кај некого сме разбудиле сомнеж за квалитетот и автентичноста на вината од Бургундија со врвен квалитет, би сакале уште еднаш да ги увериме дека барем во однос на автентичноста и колку што знаеме, засега се е во ред, напишаа од vinoinfo.rs.

Со голема радост сакаме да ги информираме нашите колеги во медиумите дека честа на виното од Бургундија и на нашиот драг сосед, Северна Македонија, е целосно зачувана. Не знаеме ниту една винарија која се занимава со такви активности. Не веруваме дека познатите куќи Шабли и Монтраше воопшто би се занимавале со такви практики, ниту пак дека смедеревка, макар и забарикадирана во француски буриња, некогаш би можела да помине како шардоне на непцето и на носот на познавачите“, пишува српскиот портал за вино.
Не постои винарска визба „Газда Ѓоко“ во Мрзенци, се додава.
„Нема ниту енолог Теле Репомаш (читај го ова име на глас). Целата приказна, од почеток до крај, е плод на нашата имагинација. Доколку сме покренале сомнеж за квалитетот и автентичноста на врвните вина од Бургундија, сакаме уште еднаш да ве увериме дека барем во однос на автентичноста и колку што знаеме, засега сè е во најдобар ред“, пишува порталот.