Претседателот на СДСМ Венко Филипче, по повод Денот на албанската азбука упати честитки до граѓаните од албанската заедница. Тој во честитаката напиша дека, со одбележување на Денот на албанската азбука се потврдува заедничката определба за почитување и унапредување на етничката и културната разноликост, што претставува непроценливо богатство на Северна Македонија.
„Јазикот не е само средство за комуникација, туку и основен столб на идентитетот, културата и правата на секој народ. Почитувањето на различностите, вклучително и јазичните, се клучен услов за изградба на стабилно, напредно и демократско општество. Да градиме мостови на разбирање и соработка, каде што секој јазик и култура ќе имаат свое место и ќе придонесат за заедничкиот просперитет,“, пишува во честитката.
Според лидерот на СДСМ, потсети дека овој ден има историско значење бидејќи на денешен ден 1908 година во Битола завршил Конгресот на кој се создадала стандардизираната албанска азбука, што се смета за еден од најзначајните моменти во историјата на албанскиот народ и нашата заедничка историја.
На крај, тој упати честитки до сите: „Нека е честит Денот на албанската азбука! Gëzuar Ditën e Alfabetit të Gjuhës Shqipe!“ заклучи Филипче.