Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Француско издание на есеите на Горан Стефановски во превод на Марија Бежановска

Објавено е француско издание на есеите на Горан Стефановски, насловено „Пофалба на обратноста“ (Éloge du contraire) од францускиот издавач „За момент“, соопшти Доминик Долмие, директор на француската издавачка куќа.

Изданието е објавено по иницијатива на париската установа „Куќа на Европа и Истокот“ (Maison D’Europe et d’Orient), а со поддршка на францускиот Национален центар за книгата, македонското Министерство за култура и на Универзитетот Крајст Черч од Кентербери. Од француската издавачка куќа информираат дека приредувач на изборот и автор на предговорот е универзитетскиот професор Иван Додовски, а преводот на француски јазик го направи Марија Бежановска. Изданието содржи и посебен осврт за Горан Стефановски од универзитетската професорка Фроса Пејоска-Бушеро.

Во предговорот на книгата, Иван Додовски посочува дека ова француско издание е уникатно, бидејќи содржи избрани есеистички текстови (повеќето во форма на беседа или јавно излагање) објавувани посебно, во последните две децении од животот на Горан Стефановски.

„Тоа е период кога тој се свртува кон промислување на европскиот цивилизациски простор од перспективата на неговото претходно творечко искуство во македонски, југословенски и постјугословенски контекст“, вели Додовски.

Треба да знаете
Moже да ве интересира