Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Граѓаните го победија Мицкоски, покажаа како се дејствува против трговците, ќе има и повеќе

Денеска во Македонија се случи бојкот на маркетите поради превисоките цени на производите. Со ова тие ја испратија пораката и до трговците и до надлежните дека цените на продуктите кои се неопходно за нормален живот и функционирање се исклучително скапи.

Социјалните мрежи не стивнуваат, бараат бојкотот да се повторува секој петок.

Во меѓувреме власта преку различни облици и претставници цел ден испраќаше пораки дека ги поддржува граѓаните во бојкотот на трговските ланци.

По денешниот бојкот на маркетите поради високите цени на основните прехранбени продукти, од Управата за јавни приходи (УЈП) најавија дека ќе излезат со информација дали и за колку е намален прометот во трговските синџири.

Денеска премиерот Христијан Мицкоски и претседателот на Стопанската комора Бранко Азески го поддржуваа бојкотот на големите ланци маркети и сметаат дека единствен начин за решавање на проблемот со високите цени, е дијалогот меѓу производителите и продавачите.

„Ќе поддржам се што има реална основа, а има реална основа овде да се реагира. Сепак, како претседател на Комората во која членуваат и ланците маркети, ќе инсистирам да се најде решение низ дијалог. Македонија е толку поделено општество што нови поделби не и се потребни, потребен и е дијалог да ги решиме старите. Како заштитник на компаниите, дијалогот е излез од оваа ситуација, проблемот меѓу производителите и продавачите не е од сега, туку од поодамна, а може да се реши само со разговор. Кај нас таков дијалог се одвива постојано, настојуваме да се спречи секаков потрес меѓу нив за да не се одразува врз стандардот на граѓаните. Овие нови форми и методи на вакви активности преку социјалните мрежи ќе станат секојдневие и ние треба да ги почитуваме и да ги поддржуваме, но тоа треба да биде и знак за сериозен разговор што ќе доведе до решение. Ние ќе се однесуваме најодговорно и заедно со Владата ќе бараме решение за тоа и нормално, со останатите чинители – рече Азески, одговорајќи на новинарско прашање по промоцијата на Институтот за извоз во Комората.

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче рече дека Владата е одговорна да се грижи за граѓаните за да не доживуваат вака високи цени, затоа тоа што таа е одговорна за формирањето на цените, кој е во посета на Хрватска.

„Еве и тука, во Хрватска, има протест на граѓаните за високите цени на маркетите. Кај нас навистина загрижува ноншалантноста и незаинтересираноста на Владата да преземе некакви мерки. Дури со одреден цинизам би рекол, ги поддржуваат граѓаните да протестираат, а всушност протестот на граѓаните, освен за високите цени и кон маркетите, треба вистински да биде насочен кон Владата, поради тоа што таа е одговорна за формирањето на цените. Владата е одговорна да се грижи граѓаните да не доживуваат вакви цени. Посебно во ситуација кога нема никаков слух за зголемување на нивните плати, еден систем кој што ние го воспоставивме во минатото и сега како опозиција не одговара на нашите повици и предлог закони за зголемивање на минимална плата. Жалосно е што ова го прави со граѓаните“, рече Филипче.

Зачлени се на нашиот е-билтен