Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

ИО на СДСМ: Пратениците на СДСМ нема да ги поддржат интерпелациите на ДУИ

Загрижувачки се тенденциите за влошување на безбедноста и сигурноста на граѓаните но и на растечките тензии во општеството со загрозување на меѓуетничките односи. Ова е една од оценките на вечерашната права седница на новиот Извршен одборн на СДСМ.

Од таму велат дека неприфаќањето на лидерската средба од страна на власта испраќа лош сигнал и ја потврдува тезата дека очигледно партии на власт и ДУИ немаат интерес од стабилизација, што е многу опасно за државата.

„Во однос на поднесените интерпелации од политичката партија ДУИ, Извршниот одбор заклучи дека нема да ги поддржи и гласа за овие интерпелации. Тие не претставуваат решение за кризата во овој момент и може да значат нови поделби по етничка основа. Потребен беше поинаков пристап, да се седне на лидерска средба и да се упатат заеднички пораки за смирување на тензиите затоа што тој пристап е базиран на политичка зрелост, но власта тоа го одби“, велат од СДСМ.

Европскиот фронт предводен од ДУИ поднесе барање за интерпелација за првиот вицепремиер Изет Меџити, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, заменик министерката за внатрешни работи Астри Исени и министерот за односи меѓу заедниците Иван Стоилковиќ.

Зачлени се на нашиот е-билтен