Кој телефон го користи Доналд Трамп: Секогаш има два уреди при рака, а целиот свет зборува за сликата во позадина

Блекбери на Обама стана дел од историјата, Бајден користел iPhone со посебни мерки за заштита, а Трамп? Тој користи два уреди во исто време – и не ја отстранува сопствената слика од позадина.

Фоторепортерите неодамна го фатија моментот во кој американскиот претседател Доналд Трамп го држи телефонот во рака. На фотографијата што ја објави Ројтерс, јасно се гледа дека на заклучениот екран, Трамп чува слика од себе, со сериозен израз на лицето, покажувајќи со прстот право кон камерата.

Реакции? Поделени како што се очекуваше. Неговите поддржувачи го гледаат како силен симбол на лидерство. Од друга страна, неговите политички неистомисленици тврдат дека ова е „врвот на нарцизмот“ – затоа што во позадината на сликата нема семејство, нема знаме, туку тој самиот.

Телефонот што го држи Доналд Трамп е iPhone. Интересно, претседателот на САД со години користи два Ајфон уреди во исто време – едниот за комуникација на социјалните мрежи, другиот исклучиво за јавување.

И за време на неговиот прв мандат, Трамп користеше посебни уреди со различен пристап до Интернет и безбедносни слоеви.

За споредба, Барак Обама беше познат како обожавател на BlackBerry телефоните и со години користеше BlackBerry 8830 World Edition, на кој беше инсталиран специјален софтвер. Во договор со американската Агенција за национална безбедност (НСА), Обама го користеше Selectra Edge, Windows Mobile уред базиран на моделот Plam Treo 750, за безбедна комуникација.

Џо Бајден, пак, користел iPhone со заштитна обвивка со златен претседателски печат, кој му го дале безбедносните агенции. Поранешниот американски претседател беше забележан и како носи Apple Watch на зглобот.

Зачлени се на нашиот е-билтен