Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Концерт во КИЦ-Скопје по повод 114-годишнината од раѓањето на Мајка Тереза

Во Културно информативен центар вечер ќе се одржи класичен концерт по повод 114-годишнината од раѓањето на Мајка Тереза.

На настанот е најавено обраќање на првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити.

Мајка Тереза (вистинското име и е Агнеса Гонџа Бојаџиу), основач на сестринскиот ред на милосрдието е родена на денешен ден, на 26 август во 1910 година, во Скопје.

Во 1979 година ја добила Нобеловата награда за мир за извонредно широката дејност во помагањето на бедните, болните и унесреќените во целиот свет. Умрела во Калкута, Индија, на 5 септември 1997 година. 

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново