Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Македонија останува под магла

Како што извести Управата за хидрометеоролошки работи, денеска не очекува променливо време со сончеви периоди, а во котлините остануваат маглата и ниската облачност.

Температурите утрово ќе се движат од -3 до 3 степени, а максималната температура се очекува да достигне од 8 до 16 степени.

Во наредните денови ќе продолжи периодот на стабилно, а особено на повисоките места и на планините и релативно топло време. Висината на снежната покривка позначително ќе се намалува од средината на следната недела. По котлините и понатаму од наутро ќе биде со магла и постудено.

Повремени врнежи од дожд претежно во западните делови ќе има во среда.

Од АМСМ информираа дека утрово сообраќајот се одвива во зимски услови, по влажни коловози и намалена видливост поради магла од 50 – 100 м. во Д.Капија и Петровец – Велес.

Зачлени се на нашиот е-билтен