Мечот од финалето на ЕХФ купот меѓу РК Алкалоид и РК АЕК се одложи и пред да започне

Мечот од финалето на ЕХФ купот меѓу РК Алкалоид и РК АЕК се одложи и пред да започне.

До оваа ситуација дојде откако екипата на ракометниот клуб АЕК од Атина не излезе на теренот во „Борис Трајковски“, според првичните информации заради притисокот на навивачите на грчкиот клуб.

Оваа нивна постапка била предизвикана заради тоа што дел од навивачите од Грција, на два автобуси со околу 100 симпатизери, не им било дозволено да пристигнат до Скопје од безбедносни причини.

Според се’ уште неофицијални информации, полицијата проценика дека дел од грчките навивачи претставувале безбедносен ризик од тие причини биле запрени да пристиогнат до Скопје.

Револтирани од оваа ситуација, останатите навивачи на АЕК, кои веќе беа во Скопје, не им дозволиле на ракометарите на АЕК да го напуштат хотелот и да заминат кон спортската сала за да го играат финалето на купот на ЕХФ.

Од информациите што следуваа кон навивачите се приклучил и претседателот на АЕК кој не им дозволил играчите да излезат на терен, иако играчите сакале да играат.

Сега за сега натпреварот е со статус одложен. Не се знае до кога.

Зачлени се на нашиот е-билтен