Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Мицкоски е неинфирмиран и шири празни зборови, Стратегија за развој веќе постои

„Државата веќе има национална стратегија која претходната влада, со помош на експерти и претставници на сите политички партии, ја изготви и ја поднесе до Собранието – Стратегијата за развој 2024-2044. Тоа е платформата околу која треба да се води разговорот, а Собранието е местото каде што се одржуваат овие дебати. Фактот што Мицкоски го деградира Собранието како форум за вакви важни теми е само доказ за неговата несериозност“, укажуваат денеска од СДСМ.

Мицкоски веќе повикуваше на обединување околу 10 точки и вредности, кои самиот не ги почитува. Сега повикува на обединување околу стратегија која веќе постои, и овој пристап го сметаме за крајно несериозен.

Од таму велат дека Мицкоски за четири месеци не понуди конкретни и мерливи цели во ниедна стратешка област, цели за кои државата би имала план и временска рамка за реализација. СДСМ, за жал, препознава само празна реторика со која Мицкоски се обидува да се прикаже како конструктивен политичар, но во реалноста тоа не е така.

„СДСМ, од досегашните политики на Мицкоски, не може да препознае ниедна политика која е во интерес на граѓаните, околу која би можеле да се обединиме. Во изминатите четири месеци забележуваме драстичен пад на животниот стандард поради лоши политики, ниски плати и заштита на трговците наместо на граѓаните“, се истакнува во соопштението на СДСМ.

Има паушално најавена борба против корупцијата и криминалот, посочуваат од партијата, додека од друга страна се помилуваат нарко-дилери и картели. Безбедноста во државата е на најниско ниво, со престрелки на улиците и владеење на криминалците.

„Сведоци сме на назадување на демократијата преку назначување на партиски кадри на клучни безбедносни институции, што е јасен сигнал како планира да владее Мицкоски. Имаме паралелни институции формирани од ВЛЕН, се создаваат паралелни академии на науки и се врши брутална партизација. Ова ги брка младите и образованите кадри надвор од државата. Околу вакви катастрофални политики не можеме да се обединиме“, нагласуваат од опозициската партија.

Државата и граѓаните со години беа обединети околу една единствена цел – ЕУ и НАТО интеграции – но и за ова нема конкретен план, порачаа од СДСМ.

„СДСМ бара конструктивност од ВМРО-ДПМНЕ и конкретни решенија кои се во интерес на граѓаните, околу кои може да се дебатира. Додека ВМРО-ДПМНЕ не созрее и не разбере дека обединувањето не смее да се користи како политичка флоскула и манипулација, туку за тоа е потребно вистинско лидерство, државата, за жал, нема да напредува“, се потенцира во соопштението на СДСМ.

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново