Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Мицкоски: Христовски има сертификат државна тајна

Христовски има сертификат државна тајна, а владата ќе ја чека одлуката на Антикорупциската комисија.“ – рече Мицкоски.

Мицкоски, додаде дека прво ќе ја чека Анктикорупциската комисија да се изјасни за валидиноста на документите на првиот човек на Агенцијата за национална безбедност.

Опозициската СДСМ поднесе иницијатива до Комисијата за надзор над работата на АНБ да свика јавна седница на која ќе присуствува и директорот Христовски за да реферира за валидноста на неговиот сертификат по англиски јазик.

Имаме прашања кои се од значење за интересот на државата и во интерес на јавноста и кои сакаме јавно да ги поставиме и да добиеме одговори. Едно од тие прашања е добиено од свиркачи, вработени во безбедносно-разузнавачката заедница – каде бил Христовски на денот на полагањето, каде престојувал ден или неколку дена пред датумот на полагањето на ТОЕФЛ-тестот, но и многу други поврзани со неговите сегашни активности во Агенцијата, како на пример – што тој знае за скандалозните помилувања. Ова се прашања од јавен интерес и јавноста има право да ја знае вистината, рече пратеничкатана СДСМ.

 Од Антикорупциската комисија нема информации до каде е постапката и дали наскоро ќе има епилог. Ако Антикорупциска не ја заврши нејзината постапка во разумен рок, без да се посочи временска рамка, обвинителството најавува дека ќе оформи предмет.

Зачлени се на нашиот е-билтен