Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Мицкоски: Ќе разговарам со коалиционите партнери и со Левица за да создадеме консензус за да го вратиме името, ќе се обидам

На прашање „Дали ќе не исфрлат од НАТО доколку го вратиме името?“, премиерот Христијан Мицкоски вели дека „нема да не исфрлат од НАТО доколку го вратиме името“, но побара совет од граѓаните како да го направи тоа во подкастот „Претрес“ со Кристијан Ландов.

На прашање на водителот дали тоа значи дека премиерот сепак нема план, Мицкоски одговори „нека ни кажат (граѓаните),како да го вратиме името, ќе го вратиме името“.

На прашањети на Ландов дали, на пример, тоа може да се направи ако се укине Преспанскиот договор ако сето тоа помине низ процедура, Мицкоски одговори со прашања: „Како ќе го направиме тоа без 80 пратеници и без бадентер? Еве нека ни кажат тие кои тоа го заговараат?“

На ова водителот на подкастот „Претрес“ праша дали може да ги убеди неговите коалициони партнери плус Левица, бидејќи Левица се најсилни по тоа прашање, за да стигнат до потребното мнозинство за укинување на Преспанскиот договор, Мицкоски одговори:

„Можеби би можел, ќе поразговарам. Би се обидел“.

Најново