Министерството за транспорт сака да одземе 479 градежни лиценци, објавен е списокот

Министерството за транспорт објави список со 479 лиценци од градежното работење и урбанистичкото планирање за кои се води постапка за одземање. Ова е резултат на обемна контрола на издадените лиценци, започната минатата недела.

Од вкупно проверени над 3.100 лиценци, констатирано е дека дел од правните лица повеќе не ги исполнуваат законските услови за работа, поради што ќе бидат одземени:

73 лиценци А за изведувачи на градби од прва категорија

228 лиценци Б за изведувачи на градби од втора категорија

9 лиценци А за надзор на градби од прва категорија

32 лиценци Б за надзор на градби од втора категорија

32 лиценци А за проектирање на градби од прва категорија

78 лиценци Б за проектирање на градби од втора категорија

7 лиценци Б за ревизија на проектна документација од втора категорија

3 лиценци А за ревизија на проектна документација од прва категорија

2 лиценци за управување и одржување на објекти

2 лиценци за управител на градба

13 лиценци за изработка на урбанистички планови

Министерството информира дека списокот ќе биде доставен до надлежните институции, вклучувајќи го Министерството за внатрешни работи, Јавното обвинителство и ЗЕЛС, за понатамошни постапки.

Зачлени се на нашиот е-билтен