Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Министрите за одбрана на Германија, Франција, Полска, Италија и Велика Британија на средба за одговор на заканите на Путин

Министрите за одбрана на Германија, Франција, Полска, Италија и Велика Британија се состанаa во Берлин за да разговараат за мерките за зајакнување на безбедноста и одбраната во Европа.

Руското таргетирање на Украина со нова ракета со среден дострел, за која се смета дека има импликации за цела Европа, најверојатно ќе одигра голема улога за време на дискусиите.

Трамп, кој треба да биде инаугуриран на 20 јануари, побара Европа да инвестира значително повеќе пари во сопствената безбедност и се очекува да ја намали воената помош за Украина.

По неодамнешното одобрение од Вашингтон, Украина почна да ги користи ракетите ATACMS од САД и британските крстосувачки ракети Storm Shadow за гаѓање воени локации во Русија.

Рускиот претседател Владимир Путин потоа нареди нејзин ракетен напад врз украинскиот град Днипро, кој има над милион жители, со нова ракета со среден дострел во четвртокот наутро.

Тој ја поздрави ракетата „Орешник“ (леска) како единствена и рече дека ќе влезе во масовно производство. Москва вели дека ракетата лета со хиперсонична брзина, што го прави невозможно за противвоздушните системи да ја пресретнат. Експертите претпоставуваат дека ракетата технички би можела да биде опремена и со нуклеарни боеви глави.

Зачлени се на нашиот е-билтен