Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Непожелна личност за ВМРО-ДПМНЕ Владата го награди со директорско место

Фотографија од прес конференцијата на Советничката група на ВМРО ДПМНЕ во советот на општина Гостивар кога го прогласија Кашмир Салиу за непожелна личност
Фотографија од прес конференцијата на Советничката група на ВМРО ДПМНЕ во советот на општина Гостивар кога го прогласија Кашмир Салиу за непожелна личност

На вчерашната седница на Владата го именуваше Кашмир Салиу за вршител на должноста заменик на директорот на Дирекцијата за заштита и спасување.

Тоа е истиот Кашмир Салиу кој ВМРО-ДПМНЕ во 2017 година, од страна на нивната советничка група во Гостивар, беше прогласен за непожелна личност.

„Салиу без тронка срам пред целата јавност искажа невистини, со цел да ја оправда сопствената алчност за кариера и личен интерес. Се што има постигнато во животот, го има постигнато со помош на коалицирањето со ВМРО ДПМНЕ, па така тој, неговата сопруга, татко му и голем дел од неговото семејство имаат добиено квалитетни вработувања. И советничката функција два пати по ред  ја добива, благодарение на коалицирањето со нашата партија. Смешна и невистинита е бројката од 1500 члена, која тој ја кажува, дека глесале за него. Таа не само што е далеку помала, туку анализите покажуваат дека и голем дел од членовите на ДСР не гласале за него, знаејќи ја желбата за личен интерес. Ова се последните чекори на Кашмир Салиу во политиката. Нашето членство веќе го прогласи за непожелна личност, бидејќи за кариеристи кај нас место нема. Сепак голема благодарност до сите членови на ДСР во Гостивар, кои гласаа за советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ и останаа лојални поддржувачи на нашата коалиција“, рече во 2017 година Лоран Страшевски, координатор на советничката група на ВМРО ДПМНЕ во Гостивар.

Во пресрет парламентарните избори оваа година, ДСР објави дека се приклучува кон коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Најново