Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху објави дека го номинирал претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, за Нобелова награда за мир.
Нетанјаху лично му предаде на Трамп копија од писмото што го испратил до Комитетот за Нобелова награда во Белата куќа пред заедничката вечера, наведувајќи дека номинацијата доаѓа како признание за, како што рече, „струдењето на Трамп кон мир и безбедност“, објави ABC News.
„Тој создава мир во моментов, во една земја и еден регион по друг“. Затоа, господине претседателе, сакам да ви го предадам ова писмо – вие сте номинирани за Нобелова награда за мир. Вие ја заслужувате“, рече Нетанјаху.