Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Николовски: Од ВМРО-ДПМНЕ лажат, престојував во бутик хотел и ја промовирав Македонија како 13-та земја извозник на вино

Пратеникот и поранешен министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, ги демантира изнесените тврдења на Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ дека плаќал престој во луксузни хотели додека престојувал во странство. Вели дека негова работа било од тие патувања да обезбеди нови пазари за македонските земјоделци. Тој тврди дека неговиот наследник Цветан Трипуновски е тој кој купил авионски билети за пат во Словенија но дека не ги искористил.

„Бројките изнесени од пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ се неточни и со истите манипулираат, како само еден пример ќе кажам дека цената на хотелското сместување во Вермонт беше препорачано од тамошните власти и не изнесуваше повеќе од 150 долари по вечер. Ние повторно сме сведоци на небулозни и смешни обвинувања од ВМРО-ДПМНЕ, кои во рекордно време успеаја да ги влошат односите со сите соседи и да ги расипат напорите за изградба на соработки во последните седум години. Овие напори резултираа со зголемен извоз на вино и земјоделски производи, учество на врвни саеми и промоција на нашите производи.

Хотелот од наводни 500 евра за ноќ кој сум го плаќал, е бутик хотел од 3 ѕвезди. Покрај тоа што е најевтен можен достоен смештај во Њу Јорк, лага е дека трошокот бил за мене. Имено, станува збор за две ноќевања за две лица и цена од 225 евра по ноќевање.

Јас имав цел и станавме 13 земја по извоз на вино во светот и за прв пат во историјата во 2023 година, Македонија и нашите винарии се претставија на престижниот саем Белавита во САД каде имавме национален штанд, што значи отварање на пазари, склучени договори и е огромен успех и причина за гордост.

Дополнително, ВМРО-ДПМНЕ не се способни да се претстават на ниту еден саем во странство нити да ги промовираат нашите производи, доказ за тоа е испуштеното учество на саемот АГРА во Република Словенија, патем за кој актуелниот Министер ги купил авионските карти меѓутоа не бил присутен а тоа е поради нивната неспособност да организираат достојно претставување на нашите производи во странство“, демантира Николовски.

Од владејачката ВМРО-ДПМНЕ денеска излегоа со обвинувања насочени кон ексминистерот за земјоделство, шумарство и водостопанство велејќи дека додека бил на чело на институцијата плаќал по 500 евра за ноќевање во хотели низ Европа и САД.

Најново