Унгарскиот премиер Виктор Орбан, чија земја претседава со Европската унија, изјави денеска дека ќе го покани израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да ја посети Унгарија, откако Меѓународниот кривичен суд (МКС) издаде налог за негово апсење.
„Немаме друг избор освен да се спротивставиме на оваа одлука. Подоцна денеска ќе го поканам Нетанјаху да дојде во Унгарија, каде што ќе му гарантирам дека одлуката на МКС нема да има никакво влијание“, изјави Орбан во интервју за унгарското државно радио.
Орбан ја критикуваше одлуката на судот, нагласувајќи дека таа ја доведува во прашање легитимноста на меѓународното право.
Вчера, МКС издаде налог за апсење на Нетанјаху, поранешниот израелски министер за одбрана Јоав Галант и лидерот на палестинскиот Хамас, Ибрахим ал-Масри, по обвиненија за наводни злосторства против човештвото во тековниот конфликт во Појасот Газа.