Подгответе се за уште еден топол викенд

Метеоролозите за викендов најавуваат високи 36 степени.

Тие предвидуваат дека денеска ќе биде претежно сончево и топло и дека ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

Во Скопје, сончево и топло. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималните температури во нашата држава ќе се движат од 7 ди 17 степени, а максималните од 25 до 34 степени.

Утре, недела, температурите во Македонија ќе бидат повисоки, односно минималната температура ќе се двужи од 8 до 17 степени, а максималната од 26 до 35 степени.

Зачлени се на нашиот е-билтен