Неколку лица ги загубија животите во областите погодени од поплавите што го зафатија југоисточниот дел на Шпанија, известуваат од агенцијата Ројтерс.
Регионалниот лидер на Валенсија, Карлос Мазон, потврди дека тимовите за итна помош ги пронашле телата на загинатите, но заради почит кон семејствата, не се откриваат повеќе детали.
Поројните дождови, предизвикани од студен фронт што се движи низ јужниот и источниот дел на земјата, го поплавија патниот сообраќај и доведоа до застој во повеќе населени места. Во најпогодените региони, локалните власти апелираат до жителите да избегнуваат несуштински патувања и да останат во своите домови.
Голем број населби во источна Шпанија, особено Валенсија, се соочуваат со разорни последици од поплавите, поради кои спасувачките екипи се на терен во потрага по исчезнати лица. Полицијата од градот Л’Алкудија трага по возач на камион, кој се води како исчезнат од попладневните часови.
Во јужниот регион Андалузија, брз воз со 276 патници излета од шините со висока брзина излета, но, за среќа, нема повредени, извести Гардијан. Поради обилните врнежи, привремено е прекинат железничкиот сообраќај меѓу Мадрид и пристаништето Валенсија.
Феноменот познат како „ладен капка“ е одговорен за овие поројни дождови, што се јавува кога студен воздух поминува над топлиот Медитеран, предизвикувајќи брза атмосферска нестабилност и создавање на обилни врнежливи облаци.