Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Прилеп го прогласи петок 4 октомври за ден на жалост

Поради трагичната сообраќајна несреќа на магистралниот пат Прилеп-Битола, во која загинаа три медицински лица од Прилеп, двајца лекари и радиолошка техничарка, Советот на општина Прилеп донесе одлука 4 октомври, петок, да биде прогласен на ден на жалост во Прилеп.

Во сообраќајната несреќа изутрината на магистралниот пат Прилеп-Битола, на излезот од градот кај селото Лагово загинаа Александар Ристески, специјалист радиолог, гинекологот Никола Василески и радиолошкиот технолог Фанче Јованоска кои долги години работеа во битолската болница Плодност.

Несреќата се случила при судир на патничко моторно возило во кое биле медицинските лица и товарен камион. Поради силината на ударот избил пожар.

Зачлени се на нашиот е-билтен