Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

СДСМ: Мицкоски прави де фокус од проблемите во ВМРО-ДПМНЕ, не може тој да зборува за „квалитет на кадри“

Христијан Мицкоски е последниот кој може да зборува за „квалитет на кадри“. Во неговите редови има луѓе осудени за криминал, лица кои се под истраги од институциите и личности чиј углед е сериозно нарушен со бројни скандали во изминатите пет месеци. Неговата партија е заробена во коруптивни афери, кои ја деградираат не само ВМРО-ДПМНЕ, туку и целокупната политичка сцена во Македонија, пишува во партиското соопштение на СДСМ.

Во СДСМ велат, дека изјавите на Мицкоски, се обид да се дефокусира јавноста од проблемите во редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

„Наместо да ги решава нерегуларностите и да се справува со лицата кои ја рушат довербата во институциите, Мицкоски се занимава со празни критики кон СДСМ, кои само ја рефлектираат неговата неспособност и немање визија за иднината на земјата. Изјавите на Мицкоски, се уште еден доказ за неговата лицемерна политика. На граѓаните им е јасно, дека Христијан Мицкоски и неговата ВМРО-ДПМНЕ, немаат капацитет да се справат со сопствените проблеми, а камоли да ја водат државата кон стабилна и европска иднина. Затоа, СДСМ останува подготвена да ја предводи борбата за напредок, чесност и правичност“, пишува во партиското соопштение.

Од таму велат, дека празни биле очекувањата на Мицкоски, за распад на СДСМ и дека наместо тоа. тој се соочува со консолидирана и мотивирана партија, подготвена за нови победи.

„Новото раководство на СДСМ е тим кој ги обединува капацитетите на млади и искусни кадри со целосна посветеност на интересите на граѓаните. Со СДСМ, Македонија има иднина. Со Мицкоски, само нови скандали“, велат во партијата на Венко Филипче.

Зачлени се на нашиот е-билтен