Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Талевски: Еве го долгиот список на скандали, малверзации и корупција што ги направи Божиновска

„Дали ќе си поднесете оставка после сите скандали, сомнежи за малверзации, лажење на јавноста и катастрофално лоши резултати во секторот енергетика?“, ја праша пратеникот на СДСМ, Миле Талевски, министерката за енергетика Сања Божиновска, на денешната седница за пратенички прашања. Талевски изнесе подолг список на скандалозни случаи за кои како што рече, нема судска разрешница. Тој потенцираше дека Божиновска е сега министерка затоа што важи за близок човек на премиерот Христијан Мицкоски и тоа на министерстсво преку кое се планира да се направат голем број на корупциски зделки.

„ Само од 2016 до 2017 вашата фирма ЕНГ Сервис Трејд, направила долг од милион евра кон државата, односно долг од 70% кон МЕПСО, и тоа пред промената на власта. Долгот е за ненаплатена електрична енергија и според мои информации никогаш до сега не е наплатен. Освен оваа фирма која должи 1 милион евра, вие во минатото сте основале или сте изршувале различни позиции во повеќе фирми. Уште од 2014 година имате компании кон кои државните институции им поднесувале пријави со сомнежи за малверзации и незаконско работење, но изостанал правен епилог. Тоа е скандалот за ‘картелско здружување’, поради тргување со електрична енергија и даночно затајување“, рече Талевски.

Талевски ги наброја и скандалите и за т.н. ‘картелско здружување’, поради тргување со електрична енергија и даночно затајување.

„Во 2014 година, во време на ВМРО-ДПМНЕ, Комисијата за заштита на конкуренцијата повела постапка за забранет договор – картел при јавни набавки и донела решение за казни.Казнети за картелско здружување кбиле фирмите „ЕФТ“, „ЕЗПАДА“, „РУДНАП“,„ГЕН-И Скопје“ за вас многу добро познати. Со намера да ја диктираат цената на увозот на струја на тендерот на ЕЛЕМ спроведен во 2012 година и да профитираат. И не се случило тоа еднаш, 11 пати биле прекршувањата. За дел од овие фирми и Царинската управа открила затајување данок во износ од 1,8 милиони евра. Вмровска шема како во мафијашки филм. А правна разрешница досега нема“, рече Талевски.

Според Телевски има уште еден скандал кој е поврзан со долгот од 1 милион евра.

„Во анкетниот лист, покрај недвижностите во станови вредни над еден милион евра, министеркe за енергетика, рударство и минерални суровини, имате пријавено и сопственост на компанијата „Sustainable services“ со седиште во Чешка. А оваа компанија нема никаква допирна точка со енергетиката. Според јавно достапните информации, регистрирана е за изнајмување, купување, продажба и управување на недвижен имот, трговија на големо и мало, советодавни и консултантски активности, подготовка на експертски студии и проценки. Но од друга страна адресата на компанијата „Sustainable services s.r.o“ е во Чешка, на улицата Вархулкова 1582/24 е контакт на седиштето на брендот за биоразградливи хулахопки „Божици“, рече Талевски.

Талевски рече дека ги спомнува скандалите за јавноста да слушне дека станува збор и за фирми поврзани со енергетиката, но и за фирми кои немале допирни точки со енергетскиот сектор, ‘значи чист бизнис и ништо друго’.

Талевски од говорницата го спомена и скандалот со ‘бугарската самосвест’ на Божиновска.

„Ако на овие бројни скандли кои се поврзани со вас, со фирми кои се поврзуваат со вас, се додаде фактот што вие вуквално ја излажавте јавноста за вашето државјанство, се доведува во прашање целиот кредибилитет на функцијата. Тоа се гледа и во резултатите од енергетиката во првите месеци од вашето работење. Се најавува нов удар по граѓаните и можно поскапување на струјата или нов грабеж. Наместо да се вложува во зголемување на домашното производство на електрична енергија, вие како власт упорно увезувате скапа струја. Само за овој месец, граѓаните ќе платат дополнителни 10 милиони евра, а за последните три месеци вкупната сума за увоз надмина 20 милиони евра. Ваквиот трошок директно го плаќаат граѓаните, кои веќе страдаат од високите сметки за електрична енергија. Ова е класичен грабеж“, посочи Талевски.

Според Талевски, Божиновска владата на Мицкоски излажале и за РЕК Битола, но и за хидропотенцијалите.

„РЕК Битола, најголемиот домашен енергетски капацитет, долг период не работеше, а сега функционира само делумно, бидејќи ремонтот кој требаше да биде завршен одамна сè уште трае. Дополнително, хидропотенцијалите, кои би требало да обезбедат значителна количина енергија, работат само со 13% од својата акумулирана енергија, што е далеку под просечниот капацитет. Ова е директен резултат на неспособноста на да се управува со нашите најголеми енергетски капацитети. Или можеби е намерно за некој да ги полни џебовите. Бизнис од милиони евра е во прашање“, рече Талевски.

Пратеникот на СДСМ, Миле Талевски, потсети и на извештајот на Институтот за демократија, организација, кој е има долгогодишно искуство во следење случаи на корупција и изготвување политики за справување со оваа појава, Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини го посочи како ризик и можен извор на корупција.

„И јас, и ние од СДСМ целосно се согласуваме со констатацијата на Институтот и отворено се сомневаме дека преку различни шеми се планираат малверзации“, рече Талевски на денешната седница, за пратенички прашања.

Зачлени се на нашиот е-билтен