Таравари им одговори на Влен и на Мицкоски: Достоинството на Албанците не се продава за министерско место

Патот на Арбен Џафери не поминува покрај Владата која повикува на 20%. Патот на промени не поминува со заканување на Албанците со затвори.

Ова се дел од поентите од објавата на Арбен Таравари на социјалните мрежи, по серијата напади од Влен и од премиерот Мицкоски да ја напушти владината коалиција.

Во објавата Таравари уште истакнува

Патот на промени не поминува со продажба на пратеничката позиција за да стане амбасадор во Арабија.
Патот на достоинство не поминува со напуштање на партијата за министерско место.
Добро… Се гледаме во октомври!.

Оваа реакција на Таравари доаѓа откако од Влен му порачаа дека останува сам во скутот на Али Ахмети, а Мицкоски изјави дека Таравари одлучил да се приклучи на блокот на криминалот.

Зачлени се на нашиот е-билтен