Традиционалнa или онлајн кампањa: Големите митинзи не ја прават една партијата победник на избори!

Во развиените земји се случува изборите да се одржат без воопшто да бидат забележани, затоа што комуникацијата меѓу политичките субјекти и гласачите се одвива преку социјални мрежи и други онлајн алатки за комуникација. Но, кај нас, во Северна Македонија е поинаку – овде играта на кампањи продолжува да се игра низ митинзи, колку масовни се собирите, но партиите не се прашуваат дали тие луѓе дошле да ги слушаат партиските програми или биле само бројка на еден собир.

Поранешниот пратеник Ивон Величковски за „Фронтлајн“ вели дека директните, традиционални средби не можат да бидат заменети од социјалните мрежи. Според него, сите прашања што до сега беа опфатени во политичкиот наратив остануваат отворени – од спроведување на преговарачката рамка, преку животен стандард до владеење на правото.

Ивон Величковски

– Надворешната политика за прв пат на овие избори е ставена во корелација со економијата и социјалната благосостојба на граѓаните, но и со функционализацијата на институциите, наведува нашиот соговорник.

Овој политички дискурс, додава тој, ќе влијае на излезноста на граѓаните на изборите.

– Дали ќе биде значително, зависи од тоа како граѓаните ја препознаваат кадровската понуда на листите, вели тој.

Политичкиот аналитичар Урим Салиу смета дека традиционалните средби со граѓаните на политичките партии треба да се сведат само на централни или завршни собири со потенцијалните гласачи, а да се фокусира на социјалните мрежи и другите онлајн алатки за комуникација со граѓаните.

Урим Салиу
Урим Салиу

– Кампањата треба да се сведе само на централни или завршни собири, а фокусот да се става на онлајн комуникацијата со граѓанките и граѓаните. Треба да престанат традиционалните кампањи. Постојат и други форми како политичарите можат да ги пренесат своите пораки до гласачите и да не се превезуваат со автобуси од едно место до друго за ниска пропаганда дека биле толку или толку на митинг. Има луѓе кои гласаат, но воопшто не одат на партиски митинзи. Може да се случи да ги наполните салите, но тоа не гарантира победа, изјави Салиу за „Фронтлајн“.

Кампањата за парламентарните избори завршува на 6 мај. Активности за оваа кампања ќе има и на 23 април, денот на изборен молк за претседателските избори, за кои првиот круг ќе се одржи на 24 април, а вториот на 8 мај кога ќе се гласа и за пратеници.

Дестан Јонузи /ЦивилМедиа

Треба да знаете
Moже да ве интересира