Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Три минути тишина за Фросина

Со три минути тишина, граѓаните го изразија својот револт пред Собранието по трагичното загинување на Фросина Кулакова, испраќајќи силна порака за правда и одговорност. Илјадници присутни стоеја во молк со порака дека на сите може да ни се случи откако пред неколку дена 22-годишната девојка беше прегазена од возило управувано од Васил Јованов, кој возел пијан и без возачка дозвола.

Тишината беше погласна од секој збор – таа беше знак на тага, но и на бес кон системот кој повторно потфрли. По минутите на молк, колоната се упати кон Основното јавно обвинителство и Кривичниот суд, каде граѓаните со транспаренти бараа правда: „Безбедноста е право, не луксуз“, „Судии, ослободете ја правдата“ и „Улиците не се тркачки патеки“.

Маршот го предводеа родителите и сестрата на Фросина, а голем број учесници носеа црни маички со натпис „Правда за Фросина“. Протестот, кој заврши пред Кривичниот суд, беше порака дека трагедиите како оваа не смеат да останат без одговорност.

Зачлени се на нашиот е-билтен