Унгарскиот магазин „Маѓар наранч“ пишува дека заемот од 500 милиони од унгарската држава е мистериозени не може во „зделката“ да се најде економска оправданост.
Она што е најмистериозно во целата аранжман е што каматната стапка е пониска од онаа по која се задолжува унгарската држава или обврзниците што ги издава веројатниот заемодавач, државната Ексим банка. Веројатно затоа и владините претставници и Ексим банката молчат.
„Официјалните владини лица во Унгарија молчат за начелниот договор што двајцата премиери, Виктор Орбан и Христијан Мицкоски, го склучија во Вашингтон за кредитот од 500 милиони евра. Нема никаква информација за оваа зделка од многу пари“, пишува „Независен“ повикувајќи се на анализата на унгарскиот медиум „Маѓар наранч“ во однос на кредитот од 500 милиони кој го договорија Мицкоски и Орбан.
„Маѓар наранч“ пишува дека Орбан „не мавта со ентузијазам, но неговиот пријател и колега, македонскиот премиер Христијан Мицкоски, не се двоумеше да најави дека земјата ќе добие заем од 500 милиони евра од унгарската држава. Двајцата добри пријатели си подадоа рака на самитот на НАТО во Вашингтон и го финализираа договорот“.
Она што е најмистериозно во целата зделка е што каматната стапка е пониска од онаа по која се задолжува унгарската држава или обврзниците што ги издава веројатниот заемодавач, државната Ексим банка.
Договорот, според Мицкоски, предвидува дека заемот ќе се отплаќа со каматна стапка од 3,25 отсто, со грејс период од три години, со вкупен рок од 15 години.
„Оваа каматна стапка од 3,25 е дури и пониска од она што Ексим банката го плаќа за своите издадени обврзници или од она што државата го плаќа како камата на која било обврзница или заем. Според податоците на Центарот за управување со државниот долг, на последните аукции годишната каматна стапка на 15-годишните и 20-годишните државни обврзници беше над 6 отсто, додека пократките рочности можеби биле под 6 отсто. Тоа значи дека унгарската држава поскапо го финансира сопствениот долг отколку што дава кредит за Северна Македонија. Каков бизнис има во ова Унгарија е мистерија“, наведува „Маѓар наранч“, магазин од Унгарија.
Преземено од Независен.мк