Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Уште една провокација на денот на албанската азбука, општинските власти го прекршија Законот за употреба на знамињата на заедниците 

На бандерите покрај улиците во Тетово, во чест на Денот на албанската азбука наместо едно висат по две албански знамиња. Со ваквиот чин општинските власти го прекршија Законт за употреба на знамињата на заедниците, кој дозволува да се користат знамиња на припадниците на заедниците но согласно член 8 каде пишува, дека  доколку се истакне знамето на таа заедница, се истакнува и знамето на Република Македонија.

нГлобите за прекршување  според Член 12 од Законот , се од  20.000 до 150.000 денари и ќе се применат за прекршок на  правно лице кое постапува спротивно на одредбите од членот 8 на овој закон. За прекршокот од ставот 1 на овој член ќе се казни со парична казна од 5.000 до 15.000 денари и одговорното правното лице, се вели во Законот.

Зачлени се на нашиот е-билтен