Попладнево избувна нов пожар во близината на капацитетите на Алкалоид АД Скопје во скопски Аеродром.
Според видеото кое го добивме од очевидци, станува збор за пожар во близина на простор на кој има авто-плацеви на кои се продаваат и половни гуми, а е опкружен со сува вегетација и со запаливи материјали.
Службите се веќе на терен и се обидуваат пожарот да го стават под контрола.