Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Види го QR-кодот: Што да направите во случај на земјотрес?

По земјотресот во Скопје што се случи во 2 часот по полноќ, Сеизмолошката опсерваторија при ПМФ – Скопје потсетува какви мерки треба да се преземат во случај на посилен земјотрес.

Со скенирање на QR-кодот можете да ја отворите брошурата која ќе ве упати кон мерките за заштита пред, за време и по случен земјотрес:

-Со ова известување упатуваме и апел за пополнување на прашалникот за почуствуван земјотрес во случај на почуствуван земјотрес од Ваша страна, а ваквите податоци се од големо значење за работата на Сеизмолошката опсерваторија – се наведува во соопштението.

Попладнево, земјотрес со јачина од 2 степени според Рихтеровата скала е регистриран во близина на Гостивар.

Европскиот медитерански сеизмолошки институт соопшти дека епицентарот на земјотресот бил на 19 километри југозападно од Гостивар.

Земјотресот бил на длабочина од 15 километри.

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново