Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Владата глуми борба против поскапувањата, граѓаните повторно ќе ја платат цената, тврди Јовановиќ

Соња ТАНЕСКА

„Ова е само лош театар, за кој цената повторно ќе ја платат граѓаните,“ вели економистот Бранимир Јовановиќ од Виенскиот институт за Рацин.мк, коментирајќи ја владината одлука за ограничување на трговските маржи. Според него, оваа мерка нема да донесе вистинско намалување на цените, туку само ќе создаде привид дека Владата презема нешто, со цел вината за поскапувањата да ја префрли на трговците.

„Владата добро знае дека овие мерки не даваат ефекти, но таа всушност и не сака да ги намали цените. Сака само да глуми дека прави нешто, за луѓето да не ја обвинуваат неа, туку трговците,“ додава Јовановиќ.

Тој објаснува дека оваа ситуација им одговара и на трговците.

„Можеби малку луѓето ќе ги напаѓаат, ќе организираат бојкоти или не знам што, ама по некое време сè ќе се заборави, а нивните профити ќе си останат нечепнати, вели тој.

Во меѓувреме, семејните буџети се под сè поголем притисок. Според анализите, некои трговци одредувале маржи и до 50%, што значително ги зголемувало крајните цени за потрошувачите. Наместо Владата да врши редовна инспекциска контрола и да ги санкционира ваквите практики преку постојниот Закон за нефер трговски практики, таа се обидува да ги регулира цените со административни мерки, чија ефикасност е неизвесна.

Јовановиќ смета дека вистинското решение не е ограничување на маржите, туку нивно замрзнување, што се покажало како ефективно во минатото.

„Најефективна мерка за спречување цените да растат е ако тие се замрзнат. Тоа се докажа неколку пати во изминатите години,“ вели тој.

Според него, единствениот начин државата да го заштити животниот стандард е преку зголемување на минималната плата на 500 евра, како и покачување на платите во јавниот сектор, што би довело до општ раст на примањата.

-Владата добро знае дека овие мерки не даваат ефекти, но таа всушност и не сака да ги намали цените. Сака само да глуми дека презема нешто, за да ја префрли вината врз трговците, додава Јовановиќ.

Тој објаснува дека ваквите мерки не ги засегаат вистинските причини за поскапувањата, туку само привремено го менуваат фокусот на јавноста. Од една страна, владата сака да покаже дека прави нешто за граѓаните, но од друга страна, ни на трговците не им пречат ваквите предлози. Најефикасна мерка според Јовановиќ во моментот е замрзнување на цените.

-Ова пак им одговара и на трговците. Можеби краткорочно ќе бидат под притисок, ќе има јавни критики, бојкоти, но по некое време сè ќе се заборави. Нивните профити ќе останат нечепнати, а цените нема драстично да се променат, вели Јовановиќ.

Владата донесе одлука за ограничување на маржите на 102 групи на производи или на над 1.000 прехранбени и непрехранбени производи, а се предвидува ограничување на маржите на 5 отсто на основните прехранбени производи, како што се млекото, лебот, брашното, маслото за јадење, јогуртот и киселото млеко.

Зачлени се на нашиот е-билтен