Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Денот на албанското знаме во Скопје се прослави рафално, во Приштина и Тирана, достоинствено

Во Македонија се случи еуфорична прослава на албанско знаме, каква што немаше ниту во Косово ниту во Албанија. Тамошните граѓани, Денот на албанското знаме го прославија достоинствено. Во Тирана по повод 112 та годишнина од прогласувањето на независнста на Албанија беше организирана “Парадата на Албанците“, додека косовските власти оддаваа почит кон припадниците на ОВК.

Во Македонија, вечерва во градовите каде живеат мнозинство граѓани од етничката албанска заедница беше прославен Денот на албанското знаме. Во главниот град, Скопје се славеше со истрели од огнено оружје и со блокирање на скопските улици. Колони возила со развиорени знамиња на Албанија стоја и свиреа на сред крстосниците. Во центарот на градот забележително беше засилено полициско присуство.

На 28 ноември 1912 година, Исмаил Ќемали го подигнал знамето во Валона, прогласувајќи ја Албанија за суверена и независна држава.

Со актот на Декларацијата за независност на Албанија, претседателот на привремената влада Исмаил Ќемали ги известил шесте големи сили: Англија, Италија, Австро-Унгарија, Франција, Германија и Русија.

Исто така, биле известени балканските држави барајќи од нив да ја признаат нивната независност, како природна последица на волјата на албанскиот народ. Исмаил Ќемали на 28 ноември беше прогласен за претседател на Собранието и прв претседател на владата на албанската држава.

Актот за прогласување на независноста претставува еден од најважните настани во историјата на албанскиот народ.

28 ноември 1912 година претставува историски пресврт за албанскиот народ, бидејќи од една страна заврши речиси петвековното владеење на Отоманската империја, од друга страна беа создадени нови политички услови за излез од големата заостанатост, кои овозможија побрз демократски и економски напредок на земјата.

Зачлени се на нашиот е-билтен