Бројот на новороденчиња во Словенија во 2023 година се намали под 17.000, што е најниска бројка во последните 102 години откако е следен наталитетот во земјата, соопшти Заводот за статистика на Словенија.
Од вкупно 16.989 новороденчиња, 8.677 биле машки, а 8.312 девојчиња, јавува словенечката новинска агенција.
На 1.000 жители се раѓале осум деца, што е и најниска бројка од 1922 година.
Мајките го родиле своето прво дете на просечна возраст од 29,7 години, и тоа е старосна граница која се зголемила од 1954 година, кога започнале евиденцијата.
Повеќе од половина од децата (56,5 проценти) се родени вонбрачно, додека во 1960-тите, околу девет проценти од мајките раѓале вонбрачно.
Дури во 2007 година овој удел за прв пат надмина 50 отсто, а од 2011 година е околу 57 отсто.