Во Собранието презентација на наодите од истражувањето „Мерење на политичките штетни наративи (ШТЕТ-НА)“

Во салата „Борис Трајковски“ во Собранието денеска напладне ќе се одржи јавна презентација и дискусија на тема: „Како да го разврземе Гордиевиот јазол? – презентација и разговор за штетните наративи“, во организација на Институтот за комуникациски студии (ИКС) и Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците.

На настанот ќе бидат претставени резултатите од истражувањето „Мерење на политичките штетни наративи (ШТЕТ-НА)“, спроведено во периодот од септември 2023 до мај 2024 година кое опфаќа деветмесечен мониторинг на реториката на политичките партии и нејзиното пренесување преку телевизиски и онлајн медиуми, со фокус на прекршувањата на стандардите за етична јавна и политичка комуникација.

Целта на настанот на кој ќе учествуваат претставници од Собранието, релевантни министерства, медиумски регулатори, новинарски здруженија, академски институции и граѓански организации, е да се поттикне јавна дебата за комуникациските практики на политичките актери, особено во контекст на претстојните изборни кампањи, и да се понудат препораки за подобрување на политичката комуникација.

Зачлени се на нашиот е-билтен