Возел со 3,34 промили алкохол во Кавадарци

МВР соопшти дека лишиле од слобода двајца возачи кои возеле под дејство на алкохол.

Х.К. (22) и А.М. (35) се приведени поради кривичното дело „Безобзирно управување со моторно возило“ предвидено во член 297 А од КЗ откако било утврдено дека возат со високо ниво на алкохол во крвта.

Кај Х. К. е констатирано дека возилото го управувал со 2.65 промили алкохол во крвта, додека кај А. М. констатирано е дека истиот го управувал возилото со 3.34 промили алкохол во крвта.

Како што соопшти МВР, двајцата се задржани во ОВР Кавадарци.

Зачлени се на нашиот е-билтен