Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Жанета Трајкоска: Мицкоски ја избришал прашината од тефтерот на Грујо

Жанета Трајкоска, извршен директор на Институтот за комуникации и жесток критичар на политиките на партиите во јавноста, утрово распали по Мицкоски споредувајќи ги неговите постапки со оние на Груевски. Еве што напиша таа:

30 дена Влада на ВМРО и коалицијата:

  • да ја вратиме оградата пред Влада ✔ checked
  • да земеме 500 милиони евра заем од Унгарија, а на јавноста сме и кажувале за една милијарда и притоа не објаснуваме зошто е промената, освен дека дека можеби сме подлажале за пола ✔ checked
  • да ги игнорираме новинарите – премиерот е многу зафатен, сега со нив ли ќе збори, а и прашањата не се претходно договорени, од каде да знаеме што ќе прашаат ✔ checked
  • транспарентност, пристапност и кохезија за важни прашања кои може да не однесат по ѓаволите сега не се ич важни, оти државата е во “хаос” (кој трае 30 години бај д веј) ✔ checked

Мицковски како да ја узбришал прашината од тефтерчето на Грујо за тоа како да се однесуваш со глупата јавност и досадните новинари, а тој работи 24/7 за доброто на сите нас, а ние рајата неблагодарни.

Во својата објава Трајкоска ги додаде и овие тагови: #самонапреТ, #глупавиестрагегијата

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново