Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Објавен првиот прирачник за знаковен јазик на албански јазик во Северна Македонија

Комуникацијата преку знаковен јазик, за членовите на албанското општество во Македонија отсега ќе има дополнителна можност.

Здружението за култура и социјален развој – Kомуникација што ја објави првата книга/прирачник на знаци на албански јазик „Знаковен јазик на албански“ од авторките Валдета Касапи и Аделина Хаскај, која беше промовирана минатата недела  во Институтот за духовно и културно наследство на Албанците во Скопје, известија медиумите на албански јазик  во Северна Македонија.

„Книгата доаѓа како голем благослов за луѓето кои комуницираат преку знаци, за нивните семејства и воопшто за албанското општество во Северна Македонија, бидејќи ќе ја олесни меѓусебната комуникација“, рече директорот на Институтот, проф. д-р. Скендер Асани.

Ценејќи ја високо одличната работа на Касапи и Хаскај во однос на зајакнувањето на инклузивноста, Асани рече дека вратите на ИДКНА  секогаш ќе бидат отворени за соработка од ваков карактер.

Идејата за изработка на ваков текст, како што објасни авторката Касапи, се родила пред неколку години, во времето кога таа истражувала за својата докторска дисертација од областа на комуникацијата.

„Во националните медиуми на Белгија, покрај прашањето за употребата на јазиците, односно лингвистиката, во сите национални телевизиски програми на таа земја беше регулирано и прашањето за употребата на знаковен јазик. Но, и овде во Северна Македонија националните телевизии на македонски јазик почнаа да практикуваат присуство на знаковен јазик, но не и албански јазик“, посочи авторката Валдета Касапи.

Авторката Аделина Хаскај, која работи со ученици со посебни потреби во ОУ „Иднина“, рече дека во отсуство на книга на знаковен јазик, односно комуникација, Албанците досега учеле на македонски јазик.

Универзитетскиот професор Авзи Мустафа, вели дека оваа книга, освен што ќе ги задоволи потребите на овие студенти, може да послужи и како добар модел за составување на образовните програми од страна на Бирото за развој на образованието. Тој, исто така, побара од универзитетите да го вклучат знаковниот јазик како модуларен дел од нивните студиски програми.

Д. Тахири (ЦивилМедиа)

Треба да знаете
Moже да ве интересира