Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

ЕУ за солидарна поделба на обврските за прифаќање на бегалците од Украина

Мирјана ВАСИЛЕВА

Веќе неколку месеци во Брисел се води дебатата за новите миграциски политика на ЕУ и за стратегијата за овие прашања.

ЕУ како посебни прашања ги гледа украинските бегалци кои со војната што ја предизвика Русија дојдоа во земјите на Унијата и како такви, посебни за Украинците, ги утврдува механизите за помош и интеграција на овие луге во средините каде што престојуваат,  одвојувајки за оваа намена повеќе од една милијарда евра.

Во другиот дел кога е во прашање миграцијата и добивањето на азил за оние мигранти и бегалци кои  доѓаат од другите делови на светот, ЕУ  усвои нацрт договор за миграција со нови правила за миграните и барателите на азил, и нивна рапределбата во земјите на Унијата. На овој нацрт договор за солидарност кон миграните и за солидарност меѓу земјите членки на ЕУ, се спротивставија Унгарија и Полска. Се очекува овој договор да стапи во сила откако Европскиот парламнет ќе даде зелено светло, но по изборите  за новиот состав на ЕК идната година.

11 милиони Украинци од вкупно 16 милиони бегалци во кулминацијата на војната, се вратија во Украина

Еврокомесарката за внатрешни работи Илва Јохансон изјави дека 16 милиони Украинци влегле во ЕУ од почетокот на војната во февруари 2022 година, а специјалниот советник на Европската комисија за Украина, Лодевијк Ашер потсети дека Брисел издвои околу  1,097 милијарди евра од кохезивните фондови на ЕУ кои биле репрограмирани за справување со ситуацијата создадена од масовниот прилив на украински баратели на азил, за да им се обезбеди домување, образование и социјална поддршка, како и нивна интеграција  на  пазарот  на трудот.

Во меѓувреме 11 милиони се вратија во Украина, околу еден милион отидоа во други земји, главно во Велика Британија и Соединетите Американски Држави, и според Јохансон, во моментов 4 милиони Украинци живеат во земјите на Европската унија. Споредено со крајот на 2021 година, кога во земјите на ЕУ биле 1,56 милиони Украинци, оваа бројка е речиси за 2,5 пати поголема.

Споредено со крајот на 2021 година, кога во земјите на ЕУ имало 1,56 милиони Украинци, оваа бројка е речиси за 2,5 пати поголема со бегалскиот бран

Јохансон потврди дека има голем притисок врз некои земји-членки, бидејќи тие мора да ги интегрираат Украинците во нивното општество и пазарот на трудот.

Полска и Германија прифатија милион Украинци, додека Естонија и Чешка имаат уште поголем сооднос по глава на жител, рече комесарката.

Според достапните податоци, потпишани се повеќе од 1,3 милиони договори за работа со луѓе од Украина, иако многу од нив работат на работни места за кои е потребно пониско ниво на образование и вештини.

Според податоците на Евростат, меѓу земјите кои што примија најголем број корисници на привремена заштита на прво место е Германија во која што до крајот на месец април се регистрирани околу 1,1 милион Укаринци, што претставува 28 насто од вкупниот број  на корисници на привремена заштита. Во Полска моментот престојуваат околу еден милион украинци, во Чешка околу 332 000 или 8 отсто.

Во однос на претходниот месец, односно во март, бројот на корисници на привремена заштита од Украина во земјите на ЕУ е зголемен за 1,3 отсто, што значи дека за еден месец овој статус на територијата на ЕУ го добиле повеќе од 50.000 лица од Украина.

Од друга страна, четири земји бележат намалување на бројот на бегалци од Украина на крајот на април. Во Полска имало 4.700 помалку (0,5 отсто пад), во Португалија за 2.520 (-4 отсто), во Естонија за 1.885 (-5 отсто), а во Франција за 985 (-1 отсто).

Најголем број украински бегалеци по глава на жител има во средноевропските земји

Споредено со вкупното население на земјите-членки на ЕУ, најголем број бегалци од Украина на илјада жители згрижила Чешка, 31,6 од нив, Полска и Естонија по 26,4, Литванија 24,5, Бугарија 22,7 и Латвија 21,2, додека на нивото на целата ЕУ, бројот на бегалци на илјада жители е 8,9.

До крајот на април 2023 година, 98 отсто од корисниците на привремена заштита беа државјани на Украина. Возрасните жени сочинуваат речиси половина (мнозинството на возраст од 35 до 64 години), додека децата сочинуваат нешто повеќе од една третина, а возрасните мажи помалку од една петтина.

Во Хрватска, пак, има 20.400 бегалци од Украина со привремена заштита, што е благ пораст во однос на претходните месеци кога имаше нешто помалку од 20.000. Привремена заштита се дава во Хрватска кога странците доаѓаат во голем број од земја каде што се прекршени човековите права поради војна или ситуација слична на неа, општо насилство или внатрешни конфликти.

Како што е објаснето во системот е-граѓани, привремена заштита е заштита од итна и привремена природа одобрена во вонредна постапка во случаи на масовен прилив или претстоен масовен прилив на раселени лица од трети земји кои не можат да се вратат во нивната земја на потекло, особено ако постои ризик поради тој прилив да не може ефективно да се спроведе постапката за одобрување меѓународна заштита заради заштита на интересите на раселените лица и другите лица кои бараат заштита.

Најдолгото времетраење на привремената заштита е три години, а може автоматски да се продолжи за уште шест месеци, но не подолго од една година. По исклучок може да се продолжи најмногу за уште една година врз основа на одлука на Советот на Европската Унија. Привремената заштита завршува на крајот на најдолгиот дозволен период од нејзиното траење или со одлука на Советот на Европската Унија.

Странците под привремена заштита имаат право на престој и социјална заштита – во согласност со законот со кој се уредуваат дејностите на социјална заштита – здравствена заштита, основно и средно образование, информации за правата и обврските, работа, обединување на семејството, слобода на вероисповед и лична карта, која за странец под привремена заштита се издава за период од една година.

Треба да знаете
Moже да ве интересира