Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Инженери против инвестиции во Македонија или инсталации на Левица?

Интересна, па дури и индикативна реченица во делот на веб страницата „За нас“ е оваа: „Инженерите сакаат да решаваат проблеми, но ако нема проблеми на располагање, тие сами ќе ги создадат“. И, како што се чини според нивните активности деновиве, решиле да „сами да доздадат проблеми“. Исто така индикативно е и датумот од кога почнало делувањето на оваа Фејсбук група – 9 декември 2023 година.

Непосредно откако се промовираа четирите енергетски инвестиции во земјава, веднаш со реакција се појавија т.н. Инженери на Република Македонија со низа прилично импровизирачки аргументи и пораки зошто на земјата не и се потребни странски ивестиции во овој сектор.

„Да се стопира носењето на законите за стратешки инвестиции, чии предлози се во Собранието“, сугерураат од Здружението на инженери поддржани од група граѓани во писмо упатено до пратениците. „Ако се донесат, ќе биде нарушен енергетскиот суверенитет на државата“, предупредуваат тие, посочувајќи, пред се, на „Митилинеос“ и на градањето когенеративна централа во Скопје, пренесоа медиумите.

Тие во медимуите беа претставени како здружение на граѓани, но во суштина се фејсбук група, погледнете на слениот линк.

Здружение на граѓани може да основаат и 15-годишници, но зошто овие т.н инженери кои немаат ниту име и презиме не го направиле тоа, останува нејасно.

Кои се Инженери на Република Македонија?

Засега тие се неформална јавна група на социјалните мрежи. Како што пишува на нивната веб страна во неа засега членуваат сите профили на инженери кои со конструктивна дебата сакаат да дадат придонес во развојот на техничко-технолошката состојба во Република Македонија.

Кога ќе ја разгледате Фејсбук групата, ќе видите дека во неа членуваат и лица кои не се инженери или кои не се од Македонија, но имаат идеи и размислувања со кои сакаат да влијаат на унапредувањето на енергетската независност и техничко-технолошкиот напредок на состојбите во Македонија.

-Тематски содржини за дискусија во групата се искуствата од минатото, актуелните состојби и предвидувањата за иднината во енергетиката и во сите други инженерски дисциплини не само во Македонија туку и во светот; дискусии за проблеми, инвестиции, проекти, законски и подзаконски предлози, цени на енергенсите, како и за содржини поврзани со светските достигнувања на научните истражувања во сите инженерски дисциплини, пишува на нивната веб страна.

Интересна, па дури и индикативна реченица во делот на веб страницата „За нас“ е оваа: „Инженерите сакаат да решаваат проблеми, но ако нема проблеми на располагање, тие сами ќе ги создадат“.

И, како што се чини според нивните активности деновиве, решиле да „сами да доздадат проблеми“.

Исто така индикативно е и датумот од кога почнало делувањето на оваа Фејсбук група – 9 декември 2023 година.

Кој е во позадината на „инженерите“?

Како одговорен контакт на веб страната, но и потписник на оваа јавна група е Дениз Мустафоглу, кој пак е еден од финансиерите на „Левица“.

Дениз Мустафоглу на листата на донатори на Левица под броевите 34 и 35

Дениз Мустафоглу е во роднинска врска со Дарја Мустафоглу, советничка на Левица во Општина Ѓорче Петров, која е позната како една од „студентките“ кои во 2022 година протестираше и носеше политички и навредлив транспарент во духот на реториката на нејзината политичка партија – „Без паника не јадеме колку Маричиќ“. Таа исто така беше дел и предизборен спот на Левица за Локалните избори 2021.

Дарја Мустафоглу беше една од ѕвездите на Левица во предизборен спот на Локалните избори 2021 година.

Како се формира здружение на граѓани?

Рековме декас Фејсбук група е многу лесно да се креира, но ништо потешко не е и основањето на здружение на граѓани.

Здружение можат да основаат најмалку 5 основачи, физички или правни лица од кои тројца од основачите мора да имаат живеалиште или престојувалиште, односно седиште на територијата на Република Северна Македонија.  Здружение на граѓани може да основаат и малолетни лица со навршена 15-годишна возраст преку изјава за согласност за основање на здружение од нивниот законски застапник, за целите за кои се основа здружението во согласност со закон.

Задолжителни органи кои мора да ги има едно здружение се собрание на здружението (кое се состои од сите членови) и застапник на здружението.

 Постапката за основање на здружението се одвива пред Централниот регистар на Република Северна Македонија со поднесување на Пријава во хартиена форма на пропишан образец (доставен во прилог) при што потребно е да се поднесат следните документи:
-Акт за основање;
-Статутот  и Одлука за усвојување на Статутот;
-Одлука за избор на органите и податоци за членовите на органите ;
-Одлука за избор на застапник по закон на здружението;
-Записник од основачко собрание или извештај за основањето;
-Програма за дејствување;
-Фотокопија од лична карта за основачите;
-Извод од регистар доколку основач е странско правно лице;
-Фотокопија од лична карта за застапникот/застапниците по закон;
-Изјава од основачите дека не им е одземена деловната способност;
-ЗП образец;
-Одобрение од Министерство за правда на РМ доколу во името на здружението е содржан зборот „Македонија” и зборовите изведени од него, како и неговите кратенки;
-Одобрение од надлежниот орган на Општината, односно Град Скопје, ако во името на здружението се содржани зборови со името на Општината, односно Град Скопје.

Р. Р.

Треба да знаете
Moже да ве интересира