Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Истражување: Девојките не одат десно и не ги интересираат екстремните групи, момчињата сакаат наци-фашизам

Илустрација: Пешчаник
Илустрација: Пешчаник

Светлана Слапшак*

Фондацијата Фридрих Еберт организираше истражување за политичките ставови на младата генерација во балканските земји. Објавени се резултатите од словенечкото истражување кои се повеќе од загрижувачки. Тие се однесуваат на 600 испитаници, што е стандардна бројка за вакво истражување, но тоа не буди надеж. Младите денес се многу позаинтересирани за политика отколку пред шест години (2018), а во исто време се видно позаинтересирани за екстремната десница. Разликата меѓу девојчињата и момчињата (испитаниците биле на возраст од 14 до 19 години) е изразена – девојките не одат десно и не ги интересираат екстремните групи, момчињата сакаат наци-фашизам…

Истражувачите биле непријатно изненадени. Фактите се таму, нема толкување. Можеме да шпекулираме и анализираме, но она што е најнепријатно е токму тоа што одговорите паѓаат во очи, дека толкувањето може да биде излишно и дека воопшто не изгледа локално.

Главната работа е патријархизацијата на општеството. Со сите приказни за кутриот маж на кој жените му одземаат се’, преку реални податоци за присуството на жените во економијата, до зголемувањето на бројот на жените во политиката, патријархатот се прошири надвор од сите замисливи граници. Во Европа се водат војни, блиску до Европа, смрдеата на крвта е во воздухот, патријархатот секогаш растел во тие услови. Словенија е на врвот на листата на земји во однос на родовата еднаквост, а сепак се појавува разлика кога станува збор за пензионирањето: ова е само еден од доказите дека патријархатот, освен во областа на застапеноста, делува и капиларно на илјадници начини, според скриените конвенции, од семејствата до владата. Малите момчиња кои пукаат, млади момчиња кои се повеќе или помалку ментално ретардирани, без никаков критериум и ориентација покажуваат дека постои синџир на негативно образование од колевката до матурата. Тоа е обликувано, природно, од општество во кое и семејството и училиштата се покоруваат, наместо да се спротивставуваат едно на друго. Индиректно, таквата моќ на патријархатот ја докажуваат жените кои се прилагодуваат на најгротескните начини: единственото нешто што не постои на тој панаѓур е бунтот.

Патријархалното општество нема меморија, за да не се случи неко да ја преземе одговорноста: затоа се слави измислено минато, чија наративна основа е совршено прилагодена на инфантилноста на верниците. Кај младите, таа основа ја покрива само хормоналната активност.

Во споредба со неартикулираната потреба на момчињата да се изразат преку насилство, нивните желби се сосема спротивни: младиот човек сака стан, работа, пари и семејство. Како да меѓу црните маици, избричени глави, тетовирани екстремитети и уредени станови од другата страна, нема мост, премин, пат, ништо. Момчето се приклучува, завива и тепа некое време, а потоа како награда добива гнездо со домаќинка. Ова го открива целосното закржлавување на мисловниот апарат, долго запоставен во образовниот систем.

Одговорите на младите луѓе јасно покажуваат дека нема достигнување во еднаквоста што не е веднаш нападнато и укинувано денес. А од друга страна, постои страв дека девојките, кои нема да бидат во иста хормонална орда, можеби не се подготвени за борбата што би требало да ја водат. Имено, пред нив е борбата за мир, најтешката од сите. Од искуство знаеме дека се води на секој чекор од секојдневниот живот, дека е опасно, дека бара врвна практична интелигенција и постојано внимание – накратко – дека е исцрпувачки. Колку апстиненцијата на девојките е гаранција дека сето тоа ќе го сакаат и ќе можат, е друго прашање. Ништо од ова не може да се објасни со „природата“: девојките научија различни лекции и препораки од истиот образовен систем, бидејќи многу рано ги почувствуваа методите на патријархатот. Можеби затоа се поспремни да пружат отпор, а тоа добро го кријат. Можеби…

Триесет години по падот на социјализмот, на другите и на југословенскиот, растат генерации кои се подготвени да бидат топовско месо и краткорочно тело на наци-фашизмот. Статистиките не се пророштва, во најдобар случај тие се предупредувања. Во мојата стеснета социјална рамка, денес познавам неспоредливо повеќе различни млади луѓе од сите видови отколку кога излегов од ларвата на младоста и ги погледнав младите луѓе околу мене: да се биде слободен, одговорен и паметен денес е карактеристика на младинската авангарда која станува прва жртва на две страни – општеството на кое му избегале и на избраните производи на тоа општество на кои им пречат. А статистиката во ера на безнадежноста можеби веќе е само спомен.

*Преземено од Peščanik.net

Треба да знаете
Moже да ве интересира