Муслиу за ЦИВИЛ: Изборите ги добива тој што го наметнува наративот

За политичката реторика, наративите, анкетите, и дали Северна Македонија влегува во „ќорсокак’ ако не смогне сили преку пратениците да ги изгласа уставните измени, политичкиот аналитичар Алберт Муслиу за ЦИВИЛ медиа вели дека овие избори имаат историско значање, особено во делот за евроинтеграциите.

ЦИВИЛ Медиа: Сите политички партии ги опишуваат овие избори како историски, дали мислите дека овие избори се навистина историски?

Муслиу:  Имаат тежина, особено поради уставните измени и деблокирањето на самоблокирањето на европските интеграции. Да не заборавиме дека до овие избори сме имале кого да обвиниме за блокирање на евроинтеграциите.

До овој момент ниту една европска држава не не блокира, ниту пак Европската комисија.  Не блокира неизгласувањето на уставните измени. Од оваа гледна точка, тие се историски, затоа што Македонија мора да го надмине овој момент, особено пред изборите што мора да се случат во Европската унија, изборите што мора да се одржат во Соединетите Американски Држави и навистина може да навлеземе во тоа нашите Евроатлантските партнери да губат малку фокус на регионот. Значи од овој аспект тие се историски.

ЦИВИЛ медиа: Кога сме кај уставните измени, дали мислите дека доколку не се изгласаат уставните измени по изборите на Северна Македонија и се заканува „бугарско сценарио“?

Муслиу: На Македонија и се заканува „бугарско сценарио“ доколку албанските политички субјекти останат принципиелни во однос на уставните измени и доколку најголемата македонска опозициска партија победи на изборите, и не сака да влезе во разговори  за уставните измени. Во тој случај, сепак, ние сме изложени на ризик од „бугарското сценарио“.

ЦИВИЛ Медиа: Дали мислите дека ВМРО-ДПМНЕ ќе го омекне ставот по ова прашање?

Муслиу: Скептичен сум дека ќе ги омекне своите ставови. Но, секако постои можност да ги ублажи, бидејќи во минатото се покажа дека има промени во ставовите пред и по изборите, дали тоа ќе се случи и овој пат, останува да видиме.

ЦИВИЛ Медиа: Дали мислите дека анкетите кај нас, без разлика колку се релевантни или не, влијаат на создавањето на перцепцијата да се гласа за одредена партија на денот на изборите?

Муслиу: Има категорија граѓани кои се нарекуваат конформисти, најчесто гласаат за потенцијалниот победник. Второто е дека постои перцепција кај граѓаните дека власта и политичките партии знаат на кого ќе му го давате гласот, што не е секогаш далеку од вистината.

Анкетите создаваат атмосфера дека тој слој гласачи да му се приклучи на однапред осмислениот победник, додека за оние кои се активисти или поддржувачи на одреден политички субјект не игра некоја тежина, туку можно е да се однесуваат дефетистички ако се убедени дека ќе загубат или победат, затоа може да се случи една категорија гласачи да не излезат на денот на изборите.

ЦИВИЛ Медиа: Како би ги опишале наративите на политичките партии од распишувањето на изборите? Дали се согласувате со констатацијата дека на изборите победува наративот на оној кој доминира во јавното мислење?

Муслиу: Изборите ги добива тој што го наметнува наративот. Онаа што предизвикува реакција кај граѓаните. Лошите зборови и зголемените тензии не се прифаќаат добро меѓу граѓаните. Кога користите навредлив наратив, ова може да предизвика смеа во вашата база, кај вашите гласачи, кои и онака ги имате, но кај неопределениот граѓанин, кај граѓанинот кој има претпоставки, овој наратив може да предизвика повлекување и негласање.

Назми Абдурахмани (ЦивилМедиа)

Треба да знаете
Moже да ве интересира