Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Николовски ги освои земјоделците!

Веќе некое време министерот за земјоделство Љупчо Николовски голем дел од работното време наместо во кабинетот го поминува на терен, меѓу земјоделците. Целта е да се види како се практуваат мерките кои ги носи Владата и ресорното министерство, а се наменети за земјоделските производители и агробизнисмените.

Посетите се таргетирани според целната група на мерките како „Млад земјоделец“, „Рурална жена“, бизнис план, грантови за винарии, ИПАРД, повици за земја и други активности на МЗШВ.

Според фотографиите но и изјавите на земјоделците и агробизнисмените, министерот Николовски како да ни презентира демант на сите критики за состојбата во македонскиот аграр. Многу нови семејни агробизниси, млади кои со нескриена амбиција и љубов зборуваат за земјоделското производство, компании кои се модернизираат со грантови од ИПАРД . Средбата со нив е одлична можност и за презентација на програмата за директни плаќања во земјоделството како и програмата за Рурален развој.

Еве неколку примери на земјоделци кои беа домаќини на првиот човек на МЗШВ:

Ико и неговото прекрасно семејство од село Горно Црнилиште се занимаваат со сточарство, одгледуваат околу 320 овци.

Убав муабет си направивме денес, Ико е задоволен од поддршката што ја даваме во сточарството. Оваа 2024 е година на сточарството. Имаме цел двојно да го зголемиме буџетот во сточарското производство од 35 милиони на 70 милиони евра годишно. Оваа 2024 се зголемува поддршката за предадено јагне во регистриран кланичен капацитет од 400 на 1.000 денари. Го помагаме сточарството зголемувајќи ја платата за овчарите, од досегашните 36.000 на 62.000 денари. Со право велиме дека оваа година е година на сточарството.

На кафе со земјоделците во Делчево.

Даваме фер шанса на секој млад земјоделец да остане тука во Македонија, преку конкретни мерки. Имавме визија и покажавме дека можеме, и затоа планираме уште поголема поддршка за младите земјоделци.

За 50%, од 10.000 на 15.000 евра, го зголемуваме грантот за поддршка на младите земјоделци, кои сакаат да започнат со земјоделска дејност и дополнително обезбедуваме 40% авансна исплата.

Младите земјоделци во првите 5 години од кога го превземаат земјоделското стопанство и се запишуваат во ЕРЗС, добиваат 100% пораст на дополнителните субвенции.

Љупчо Ромовски е млад земјоделец, добитник на грант од мерката “млад земјоделец” во износ од 10.000 евра.

Низ сите овие години, од 2017 до денес, преку сите мерки што ги имаат земјоделците на располагање, сме поддржале 2.689 млади земјодлеци, со поддршка вредна 1,5 милијарди денари.

Само минатата 2023 година, преку мерките за поддршка на малите винарии, малите дестилерии и малите производители на храна, сме поддржале 49 млади земјоделци, кои успешно аплицирале ги реализиарале овие мерки, поддршка вредна 27,7 милиони денари. Со ИПАРД 2 програмата сме поддржале 1.212 млади лица, кои успешно реализирале инвестиции вредни над 8 милијарди денари.

Младите имаат предност и поголем процент на кофинансирање со ИПАРД програмата, а со новата ИПАРД 3 програма даваме и нова можност за авансна исплата од 50% на одобрената поддршка веднаш по потпишувањето, за сите апликанти. Резултатите постигнати во земјоделството за овие 7 години, а ги има многу, се нашата најголема вистина.

Тука нема лажење. Фактите и бројките сами зборуваат – пишува Николовски на Фејсбук.

Фирмата “Ал Соле” од село Град делчевско е пример за љубов кон родното место. Инспирира нивната приказна, 20 години работеле во Италија за на крајот да се вратат во Македонија и отпочнат сопствен бизнис со производство на тестенини

Преку ваквите примери покажуваме и докажуваме дека Македонија има поволна клима за бизнис секторот, преку отварање на работни места, повисоки плати и подобар стандард.

Посветени сме на нови инвестиции, обезбедуваме поволни услови за развој на државата. Затоа досега покажавме како можеме во државата да создадеме услови за развој и на новите бизниси, но и плодна почва за формирање на нови бизниси.

Имаме јасен план, јасна визија и цел. Али Соле е пример на пренос на искуства на европските бизнис модели тука во Македонија. Затоа нашата цел е Македонија до 2030 во ЕУ, за раст на економијата, за развој на бизнисот и стопанството.

извор: agrotim.mk

Зачлени се на нашиот е-билтен