Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Лескаровска: Работиме на градење Национална стратегија за туризам со која ќе ја промовираме Северна Македонија како туристички бренд

Јасмина Лескаровска во интервју за Слободен печат истакна дека на државата и се потребни сеопфатни анализи на состојбата во туризмот.

„За да бидеме во чекор со светските туристички текови потребна е Национална стратегија за туризам, создавање на дестинациски менаџмент организации ДМО (Destination Management Organizations (DMOs), развој на зелени политики и одржливост на дестинациите. Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот го приоретизира развој на оддржливиот туризам што обезбедува зачувување на природниот, културниот и духовниот амбиент градejќи силни врски со локалното население и поддржувајќи го локалното производство“, рече Лескаровска.

„Туристичката индустрија изминатата година ја заокружи со раст во поглед на бројот на странски туристи, ноќевања и девизен прилив. Македонскиот туристички сектор до крајот на 2023та година ја постигнa целта од 3,2 милиони ноќевања и повеќе од 550 милиони долари туристички промет. Туристичкиот сектор според мене може да биде една од алатките за брзо закрепнување на македонската економија, но потребни се многу вложувања. Со сериозен импакт и вклученост на стејхолдерите во градење на одржливи форми на туризам и конкурентна туристичка понуда. Значењето на туристичката индустрија како стопанска област и туризмот како доходовна гранка влијае брз економскиот раст со учество од 4% и туристички промет од 471,59 милиони долари во БДП-то за трите квартали од 2023г. или раст од 25% компарирано со периодот од изминатата година“, посочи Лескаровска.

Според неа, потребно е секторски и институционално да се фокусираме на реалните можности и точките за подобрувања кои треба да резултираат со прилагодување на законот за туристичка дејност, за решавање на проблемите со кои се соочува туристичкиот сектор, доколку сакаме вложувања и развој на туризмот. Вложување во човечкиот капитал, валоризацијата на дестинацијата низ различни форми на туристичка понуда, нов развој на долгорочна стратегија во туристичката индустрија, доволно флексибилна за да одговори на се поистенчените вкусови на новите патувачи и новите трендови во светскиот туризам.

„Една од целите идентификувани во акцискиот план за развој на туризмот за Северна Македонија од страна на Светската туристичка организација (UNWTO) е да се развие бренд стратегија и да се промовира Северна Македонија“, заклучи Лескаровска.

Таа посочи дека сè уште постои простор за дејствување за да се зголеми бројот на туристи во зимската сезона.

„Не може да очекуваме подобри резултати, а упорно да правиме исти грешки. Бројот на туристи во зимската сезона не може да биде зголемен доколку туристичката понуда е иста како и претходните години. Зимските дестинации се посетени од туристи кои се на еднодневни екскурзии, домашните туристи беа најбројни во 2021 и 2022, но регионалните гости од Косово, Албанија, Србија, Бугарија и од Грција се тука. Сместувачките капацитети и туристичката понуда во Попова Шапка, НП Маврово, Пониква, Кожув е иста со децении и немаме толкави капацитети каде што може да се сместат тие гости коишто можеби сакаат да останат. Со интегрирање на процесот на стратешко планирање ќе се обезбеди реална визија за иднината на ски центрите во земјава. Вложување на државава преку издвојување на буџетски средства ќе се зголемат капацитетите и ефикасноста за спроведување на стратешките приоритети за развој на зимските центри, во насока на отворање на можности за одржливи домашни и странски туристички инвестиции“, рече Лескаровска.

Во однос на патната инфрастурктура и превозот, кои се едни од најчестите забелешки на туристите, Лескаровска смета дека се потребни повеќе инвестиции, кои на краток рок брзо ќе се повратат.

„Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот нема надллежност за решавање на проблемите во патната инфрастурктура и превоз. Проблемот е реален и е повеќе од очигледен, потребни се континуирани инвестиции за подобрување на патната инфраструктира и истото треба да биде приоритет на Владата, кој повлекува развој не само на туризмот туку и на македонската економија и стопанството“, порача Лескаровска.

Треба да знаете
Moже да ве интересира