Ефтин леб ќе има, милом или силом

И лебот го ставија во пропагандни цели дека решението, односно „спасот бил во предвремени избори“. Тогаш сфаќаш (кој сфаќа, сфаќа, кој не – нека му стои) дека сè било сценарио, чиста гебелштина. 

Љубиша НИКОЛОВСКИ

На делови од бизнис заедницата колку повеќе ѝ даваш, толку повеќе граба и пак е незадоволна. Да може, ќе го исцица народот и око нема да ѝ трепне. Во кризата гледа шанса за профит и ни трошка чуство нема за солидарност.

Сакаат чисти капитал односи кога станува збор за добивка, а бараат социјални мерки и субвенции од државата како да се во социјализам. При тоа искористувајќи ги за екстра добивка.

Затоа влада како оваа на СДСМ тешко се справува со вакви ситуации. Таа е по  дефиниција социјалдемократска. Сака да биде и на страната на граѓаните (како потрошувачи), но и да им помогне на фирмите само за да опстојат и да не ги зголемуваат цените на услугите и да не отпуштаат работници.

За жал, резултатот погубен за власта: разочарани граѓани, и пак незадоволни компании.

Оттаму можеби и разбирлива е реакцијата на граѓаните во некои анкети кои сè уште го спомниваат Никола Груевски. Ако ова се обидеме да го објасниме од филозофски а не од партиски аспект можеби затоа што тој имаше „цврста рака“ ем да ги тормози фирмите со невратен ДДВ и по шест месеци, да ги рекетира ако го побараат, да им испраќа инспекции и да ги казнува компаниите, а тие да му аплаудираат дури да ги заболат дланките стоејќи простум кога тој ги собра во големата сала на Александар Палас.

Сега начекаа „меко“ и ги кренаа ушите. Се залепија како пијавици на власта: „дајте бенефицирана струја, поевтин гас, зелена нафта, субвенции за ова, субневнции за она, мора да ни дадете поволни кредити ако сакате да ги задржиме работниците инаку ќе затвориме формите или ќе ги избркаме од работа“.

Власта сто пати носеше мерки и велеше: Еве ви, на. И сега тие истите ќе ја тужеле државата затоа што им наложила да ја намалат цената на белиот леб. Мрш!

За дивно чудо и овој „комуњарски“ премиер со надимак Таче, им доака. Им покажа дека нема заебанција кога работата дошла – до лебот. Леб ќе има милом или силом. И казни ќе има.

Абе кај можело у социјализмот некоја фирма да го поскапи лебот без прашање на Владата и на ЦК. Лебот секогаш бил стратешка намирница.

Затоа е очигледно декасè било исполитизирано, вмро-изирано. Во една таква ситуација, која можеби не амо од интерес туку и од политички причини, ја создадоа пекарите и маркетите, се засилува проипагандата на ВМРО-ДПМНЕ и ја „толчи„ јавноста преку медиумите, дека вината не е кај големите производители на леб и во сојузот со маркетите, туку дека  „со оваа власт ништо не функционира, криминалните СДС и ДУИ го оставија народот без леб. Со оваа власт има за тендери и криминал, а нема за леб, дека Власта  создава криза и не може да обезбеди сигурност во снабдувањето на основните продукти,…

Но, на крај доаѓа најважната порака со што се разоткрива целата пропаганда дека „спасот бил во предвремени избори“. Тогаш сфаќаш (кој сфаќа, сфаќа, кој не – нека му стои) дека сè било сценарио, чиста гебелштина. 

А всушност единствено точно е дека до празни рафтови со леб дојде по одлука на Владата од 28 февруараи за ограничување на највисоките продажни цени на белиот и полубелиот леб, како анти кризна мерка.

Но, ВМРО-ДПМНЕ ја спинува оваа вистина преку секојдневните соопштенија и изјави кои некритички ги пренесуваат „истражувачките“ медиуми. Така вистината тешко продира до јавноста, дека оваа одлука е донесена по предлог на Министерството за економија, а по извршени детални анализи на пазарот дека со таа цена на брашното и актуелните трошоци, 450 грама леб не треба да е поскап од 32 денара, вклучувајќи шест денари профит што останува кај пекарите.

Тоа беше џентлменскиот договор меѓу стопанските комори и Владата, кога Владата донесе одлука за субвенционирање на цената на електричната енергија, со која дел од фирмите, посебно оние од прехранбената индустрија плаќаа пониска цена од пазарната за набавка за електрична енергија, а се обврзаа да ги намалат цените на своите производи, на што укажува „Вистиномер“ во својата нализа.

Тој договор не го испочитува дел од Групацијата на мелничко-пекарската индустрија при една од стопанските комори, кои на ден пред одлуката на Владата од 28.02.2023 се заканија дека нема да произведуваат и испорачуваат леб од 450 грама по цена од 33 денари, доколку Владата донесе таква одлука.

Сè друго е спин на опозицијата и злопутреба на граѓаните за политички цели.

Треба да знаете
Moже да ве интересира