Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Битиќи: Имаме програма за европски стандарди пред Македонија да стане полноправна членка во ЕУ

„Шесте столба во нашата програма зборуваат за европски стандард на живеење пред Македонија да стане полноправна членка во ЕУ. Ние веќе сме одлучени дека треба да се почне со сите реформи коишто ќе го подобрат животот на граѓаните овде. Третиот столб е грижа за сите, таму се вели повеќе и подобро за сите, европски стандарди за македонско здравство и образование и вештини за европска иднина. Зборуваме за реформи за да целосно се издигнат овие услуги коишто на граѓаните треба да им се дадат затоа што они ги заслужуваат, бидат на ниво коешто е достоинствено“, рече Фатмир Битиќи вицепремиерот за економски прашања и кандидат за пратеник во втората изборна единица во интервју на Слободен печат.

Тој додаде дека веќе се направени исчекорите, но се уште сме далеку од тоа што СДСМ го ветува во наредните четири години.

„Четвртиот столб е европски квалитет на живот во кој се зборува за чиста и зелена Македонија, во смисла на енергија, култура, обединети во различностите, спорт за здрав живот и Македонија како европска дестинација. Сакам да кажам дека има два пристапа. Да зборувате за Европа и нешто апстрактно и да работите на достигнување на живот којшто личи на европски живот, достоинствен, пред да станете земја членка на Европска Унија“, подвлече Битиќи.

Треба да знаете
Moже да ве интересира