Најавена кривична пријава против Бака Прасе по лажната објава за апсење

Вишото јавно обвинителство во Белград најави кривична пријава против српскиот јутјубер Богдан Илиќ, познат како Бака Прасе. Обвинителството и полицијата соопштија дека по проверките утврдиле дека објавата на неговиот профил на Инстаграм за наводното апсење е лажна.

Во објавата, потпишана од тимот на Бака Прасе, се тврдеше дека маскирани лица го одвеле Илиќ и дека бил приведен во врска со случајот со Алта банка. Според обвинителството, Илиќ ѝ објаснил на полицијата дека објавата била дел од подготовките за видео што планирал да го објави на својот канал на Јутјуб.

Од обвинителството велат дека со објавата била предизвикана паника во јавноста. Најавената кривична пријава за предизвикување паника и нереди ќе биде доставена до Посебното одделение за борба против високотехнолошки криминал во Белград.

Рацин.мк ве прашува:

Кој дел од системот е најодговорен за убиствата на жени?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Кој дел од системот е најодговорен за убиствата на жени?