ЛДП: Над 10.000 потписи за два дена за електронско следење на сторителите на семејно насилство

Повеќе од 10.000 граѓанки и граѓани за 48 часа ја потпишале петицијата за воведување електронски нараквици за сторителите на семејно насилство, соопшти Либерално-демократската партија. Од ЛДП бараат Собранието и Владата итно да постапат и да овозможат усвојување на законското решение.

Претседателката на ЛДП и пратеничка Моника Зајкова порача дека поддршката за петицијата е повик до институциите да ја стават безбедноста на жртвите пред партиските интереси.

„Оваа петиција не е само бројка, туку народен ултиматум до Собранието и Владата веднаш да ги сопрат партиските калкулации и без одложување да го изгласаме законското решение за електронско следење на насилниците“, изјави Зајкова.

Таа потсети дека нејзиниот предлог-закон во март бил одбиен по вторпат, а во меѓувреме, како што наведе, се случиле нова трагедија и нова жртва.

Од партијата ги отфрлаат образложенијата за потреба од дополнителни анализи и доработка на решението. Тврдат дека техничката инфраструктура и уредите во системот за пробација веќе постојат, а дека недостига политичка волја за нивно користење во заштитата од семејно насилство.

ЛДП им се заблагодари на потписниците и најави дека ќе продолжи да бара воведување електронско следење. Од партијата порачуваат дека институциите мора навреме да реагираат на ризиците и да обезбедат поефикасна заштита на жртвите.

Рацин.мк ве прашува:

Кој дел од системот е најодговорен за убиствата на жени?

Веќе имате гласано на оваа акента.

Обвинителството и судовите (бавно постапуваат со ниски казни) 120 (32%)
32 %
Полицијата (не реагира доволно брзо) 119 (31%)
31 %
Парламентарното мнозинство (не гласаат законски измени за построга регулатива) 75 (20%)
20 %
⁠Владата и премиерот (не ја третираат темата како кризна) 41 (11%)
11 %
⁠МОН (не дозволува сеопфатно сексуално образование) 24 (6%)
6 %

Најчитано