Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

ЕУ го сече ѓаволскиот круг

Вербата во медиумите како во институција, се базира токму на претпоставката за дисеминација на точност и интегритет и треба да си најдат начин како и двете да ги остваруваат истовремено, а не во име на точност на неструктурираните податочиња кои и така не формираат информација, да губат интегритет – заради „точен пренос“ на бајки од било која афилијација. Медиумите, како ретко кој, имаат алатки за конструкција на чувството за извесност и тоа не смее да биде лажното чувство за извесност афилирано кон ВМРО-ДПМНЕ – страната која не нуди никаква извесност, никаков план!

Емилија ЦЕЛАКОСКА

Дефиницијата за конвергенција на низа со сите квантификатори, релации, загради, апсолутни вредности, индексирања, грчки и специјални букви, редовно предизвикува воздишка на тежина кај студентот, но брзам да утешам со цртање дека суштински нема ништо за кревање коса на главата, туку баш е едноставна идејата на тоа што го опишува, на пример дека 1/2, 1/3, 1/4, …, 1/n, се стреми кон 0. И навистина, содржината на математичките симболи не е голема и е прилично еднозначна. Можеби затоа не гледаме некој да се кара за лимесите, на пример…

Од друга страна, кога дискусијата за верските или идеолошките симболи ќе излезе во јавност, очигледно, никогаш не е токму за симболите, бидејќи тој вид на симболи носат многу голема и комплексна содржина, што, соодветно, не би требало да дозволува баш лесно човек да се извозбуди – не се тие џа-бу содржини за фаќање страна. Тоа е, ако зборуваме за вистинските содржини и патишта на умот до нив. Нешто друго се случува, што, политички коректно се нарекло „поларизирање“. Исто така, на сличен начин како симболите, усвоени се и некои зборови како кратенки за покомплексна содржина – за државата, народот, религијата, идентитетот, слобода на говорот, итн. – сите јаболка на раздорот.

Но, со збор како „поларизација“ за вакви поими и симболизми, меѓу нас, во говорот, си пишуваме рецепт за лет во место, бидејќи зборот „поларизација“ во име на „рамноправност на различностите“ или друг, лажно еуфемистички употребен термин на политичка коректност, подразбира два рамноправни пола: Во тој збор, „рамноправноста“ на две спротивставени страни се аплицира во свеста апсолутно, без оглед на моралниот контекст. Тоа ставање на моралното со неморалното во истата арена води до морално слепило, бидејќи со секојдневното преоптоварување на луѓето со таа борба, истата не останува веќе борба меѓу доброто и злото како во културата, уметноста, но и во нашата семејна, едукативна и меѓучовечка обука, туку дава предност на злото, морално изедначувајќи го со доброто на истиот подиум, односно маркирајќи го само како „другиот пол“ на моралното добро.

Не сме создадени за тоа, всушност нема таква интелигенција која е создадена за тоа, па преоптовареноста на системот за моралност (краток спој), како немање струја вкуќи, го тера мрзливиот на мисла и осет сеопшто да пипка по мракот кадешто белото е исто со црното. И тука, за одредување што е морално, религиската, идеолошката, традиционалната и слични догми со корени од минатите времиња, е кратенката што му се нуди, аналогно и компатибилно со супер-кратките толкувања на комплексните значења на симболите и „раздорните“ поими. Тоа тој го прифаќа, бидејќи никој не ја знае иднината – кој може да каже што е добро. А начините од минатото – сигурно се пробани, па мора тие да ја имаат тајната за доброто, та нема одново да се мачи со одговори на „зошто“! Тука, за жал, лежи голема опасност на изборот, слично како за малите деца неопремени со искуство и доволно резон, со широки магистрали поврзани со таканаречената „поларизација“.

Но, прво ова – дали навистина успева да ја фати нишката на разбирањето на симболичките содржини како нашите стари од минатото, ако воопшто тие ја разбирале, или пренесени се некои површни, обредовидни „така-и-така е“ и „така-и-така се прави“? Не е баш очигледно дека сите што ги користат традиционалните начини (обреди?), знаат зошто ги прават. Што таа догма содржи, со што е оправдана? Или, пак, не е ништо поинаква од невротично прескокнување на секоја трета плочка? Бидејќи, секој обид за оправдување на некое „така-и-така е“ или „така-и-така се прави“ со 1000 вложени едно во друго „зошто/затоа“ често знае да е ланец на истата почетна догма во кружен аргумент, од авторитетот/божеството – до истиот тој авторитет. Ланецот е без морален крај, односно со интерпретација на истиот тој авторитет/божество како врвно морално битие за да се заокружи догмата во кружна тавтологија. Неприфатливa недоследност, злоупотребена за авторитарни, поробувачки, фашистички цели. Ништо подобро во раздорот не е ни со „дефинирањето“ на народ, идентитет, држава итн. Лојалноста кон авторитетот многу често се претвара во бесмислена кратенка за да не се одговара на „зошто“, особено кон авторитет од вид на поставен лидер – во смисла на гласот што ги претставува тие лојални души. Тоа е еднакво догматски – тавтолошки во кружна недоследност  („гласот на народот“), само со разменета улога на лидерот и богот. Тоа е истата шема. Сведена на почетокот и крајот е: „Лидерот/Господ (попот, оџата…) вели така-и-така е, значи тоа е (света) морална вистина, а вистина е затоа што (света) морална личност – лидер, поп, оџа…, го вели тоа.

Така, под претензија дека се одвива еден голем, фудбаловиден натпревар („поларизација“) со топка лево, топка десно, изгледа „поларната“ понуда за избор е само фалш-идејата на поларност меѓу ништо и нешто. А, основата на раздорот („поларизацијата“), пак, е желбата за сигурност, односно тековната несигурност, неизвесност, која произлегува од тоа што никој не ја знае иднината. Како постојано да е распишан некаков тендер за како да се ослободиме од неизвесноста. И упорно, страна која нуди бофл-извесност – успева да конкурира! Таа страна е сочинета од спремните за матрикс-скок на доверба во „гласникот“ на одредено божество, „гласникот на народот“ – лидерот, или за ускокнување во бандвагони како „каде сите Турци…“ итн., а на другата страна се оние кои го прашуваат напорното Зошто, не колку да е само прашано, туку активно ги бараат одговорите. Во одговарањето до првата причина ги вклучуваат не само минатите причини за минатите последици, туку чепкаат низ гранките на шемите од кои причини се јавуваат кои последици. Што значи, самиот обид за одговор веќе ги содржи и елементите до кои бофл-страната запира да „направи“ предвидувања за иднината. Секој чекор во чесните обиди за одговарање е заснован на базичната моралност – вистината. Единствениот чекор на бофл-понудата е постојано менување на априорните значења на работите, по свое. „Фудбал“, во кој едната страна ги менува правилата од минута во минута.

Заведените со божество, лидер и бандвагонирање, даваат приоритет на инстант чувството за 100% извесност, само да е брзо, потполно и ненапорно, без оглед што таа „извесност“ може и да не е тоа, оти е од втора, трета, n-та рака, на „жими-мајка“ или „сите го прават тоа“. Другата страна, пак, ги бара сите информации за макар 51% извесност, но реалистични, стрпливо оставајќи го настрана чувството на извесност дури и со третинка од тоа. Стрпливоста единствено доаѓа од фактот кој за никого не е тежок за сфаќање: Колку е времето поблиско до едуцираното предвидување (со чесни обиди за одговори на зошто-ата) – толку е поблиско до 100% извесност, а само кога ќе измине, е 100% исполнето. Тоа е воедно и основата на храброста да се поднесе неизвесноста – секогаш чекор по чекор патот може да се прилагодува, секогаш во блиски иднини една-по-друга, додека да се дојде до конечната цел – сигурно, без летање, без шпаги во скокот на доверба кон личност или божество.  

Новинарството и медиумите мора да си се свртат малку кон себе и да си облагородат самите. Да сфатат, слично како на пример во науката, дека откривањето на вистини се прави применувајќи високи стандарди и емпириски докази.

Во Македонија, ова ниво на бофл-понудата за извесност на иднината, како неапсолвирано, станало подлога за следно, многу пософистицирано ниво на манипулација. На пример, еден македонски верник во национализмот (или „занаетчија“ со таа алатка), од кошницата со традиции („левите“ со „комунизмот“ од кој немаат поим, или десните во невозможниот дијапазон од Илинденското до Ванчомихајловистичкото) си ја избира соодветната црешка токму во имитација на аргументот кој не е кружен, вадејќи само „некружно“ парче од својата кружна тавтологија. За вистинскиот аргумент, со морален почеток во ланецот на расудување (односно морално затварање на ланецот, крај на сите зошта), можно е да е свесен на извесно ниво, но го употребува за сосема спротивното, што укажува, или на прекумерна тапост (се осмелува да пропагира што не држи вода), или на намерна неморалност, што би било степенување на истата. На пример, вака: „Преправените авторитативни ,гласници’ се претставниците од ЕУ, па, да, не треба да се лета со доверба кон нив, тие се тие кои нѐ лажат, Албанците се со нив, што значи моќта на одлуките е исклучиво во македонската етничка нација“ (за десните + дополнителниот филтер – и православието). За аргументот на лажење од ЕУ – Макрон им е „од корист“, односно неговите „пицајзлења“ за методологии, додека албанскиот фактор, заради бадинтеровоста, се третираат како, безмалку, Шредингеровата мачка: Како бадентерови, се лоши „не-наши“ само додека не се со ВМРО-ДПМНЕ, инаку, кога се со ВМРО-ДПМНЕ, се „наши“ и добри. И двата, а и сите други вакви фалш-плагијат парчиња од „морални аргументи“ кои водат кон самоизолација наместо интегритет (блиски во гордоста? Е, да, во нијансите почнува Ефектот на пеперутка!), произлегуваат од претходни невистини, можеби кај некои ненамерно, но сепак со погрешни или никакви одговори на „зошто-ата“:  „Шредингеровоста“ на граѓаните од други етнички потекла (ете и – ура за бугарски пасоши, но уа за бугарско малцинство) е сама по себе противречна глупост и покажува само незнаење или намерно подринување на разбирањето што е тоа држава, уставно и реално. И дека Македонија е тоа – држава како и секоја, со институции чија основна задача е одржување на базичните морални вредности меѓу нас: вистина, солидарност, ненасилство…  Што се однесува до методологиите, па не е белки дека некој мисли – дека ЕУ е будала кога сака да го прими центарот на Балканот. Не може веќе Правда да биде, ехеј, таму, 23-та по ред. Не, туку ќе биде прва-најпрва, „фала“ на црнолисташите за распадот на СЈО, со специјална „благодарност“ до ВМРО-ДПМНЕ за кочење на сите закони во таа област за кои треба 2/3 мнозинство, за, нели, „сами“ да си ја кроиме судбината без никакво ЕУ, како и игнорот на Прибе и простувањата на грабежите во авторитарниот режим минатава деценија.

За жал, чудно содружни во циркусот на невистината и извртената моралност, многуте медиуми во името на „слобода на говорот“ не си се рецензираат (или не доволно чесно) за да одговорат на предизвикот на зачувување на базичната моралност, следствено, на поддржувањето на моралните задачи на институциите, а следствено на тоа – во поддржувањето на државноста на Македонија. Вистината – извртена во наративот, солидарноста – извртена во директниот пренос на бајките од националистичкото десничарење, ненасилството – претворено во маска и подготовка за насилство… Не може да не ја забележуваме оваа аномалија, па истите темели на нашето секојдневно функционирање се воедно и на новинарскиот интегритет. Тие темели – вистина, солидарност, ненасилство итн. – тие се суштината на државноста, на самото постоење на општество. Ширењето невистини под изговор на „слобода на говорот“ ги ангажираат и другите извртувања на моралните вредности конструирајќи форма на цензура што го опструира текот на автентичната информација и ја гуши потрагата по знаење, а со тоа се гушат шансите на реалистичната извесност за иднината. Ќе ги голтаме ли наполитанките од 100% шеќерното чувство на извесност оти лидерот, Господ и „сите“ велат дека треба само со чувството да се храниме?! Неприфатливо!

Новинарството и медиумите мора да си се свртат малку кон себе и да си облагородат самите. Да сфатат, слично како на пример во науката, дека откривањето на вистини се прави применувајќи високи стандарди и емпириски докази. Не мора експериментални деталности и теоретски докази за непобитност, како во науката – но да се еднакво ригорозни. Патот до вистината да е, слично, поплочен со скептицизам, тестирања, ревизии во пресрет на нови докази. Транспарентноста, вградена во целиот процес, да служи како бедем против ерозијата на вистината, обезбедувајќи дека информацијата е кредибилна, а интегритетот – во полн капацитет. Вербата во медиумите како во институција, се базира токму на претпоставката за дисеминација на точност и интегритет и треба да си најдат начин како и двете да ги остваруваат истовремено, а не во име на точност на неструктурираните податочиња кои и така не формираат информација, да губат интегритет – заради „точен пренос“ на бајки од било која афилијација. Медиумите, како ретко кој, имаат алатки за конструкција на чувството за извесност и тоа не смее да биде лажното чувство за извесност афилирано кон ВМРО-ДПМНЕ – страната која не нуди никаква извесност, никаков план!

Компромитацијата на двојството точност + интегритет прави општествена штета, бидејќи конструира систем за цензура на информацијата преку дезинформација. Проширените лаги или врамени „вистини“ со, пречесто, десничарски бајас, се оружје вперено во јавноста за да ја замати точно онаа вистинита информација која би послужила за решавање на прашањата за поголема извесност на иднината.

Компромитацијата на двојството точност + интегритет прави општествена штета, бидејќи конструира систем за цензура на информацијата преку дезинформација. Проширените лаги или врамени „вистини“ со, пречесто, десничарски бајас, се оружје вперено во јавноста за да ја замати точно онаа вистинита информација која би послужила за решавање на прашањата за поголема извесност на иднината. Оружје против носењето добри одлуки. Маската на „слобода на говорот“ или уште пострашно – „почитување на различностите“ кога „различното мислење“ е само пропагација на лажност, глупост, опсцености и други безвредности е, самата, субверзија на слободата на говорот. Слобода на говорот – да, но не како супресија токму на исправните информации, не како лишување од вистината и не во облик на просто, вирусовидно ширење. Почитување на различностите – да, но не како пропагација која малтретира сѐ човечко низ исклучувања (дискриминација), навреди и слично. Обратно, спротивните на фундаменталните морални вредности, апсолутно мора да се исклучат. Не – „поларизација“ и да си седиме заглавени во „еднаквоста“ на доброто и лошото. Исклучување од пропагација. Не е тоа cancel culture, туку пропагацијата се скротува во структура (не авторитарна, туку минимум тројна, како нпр. што се трите власти – извршна, законодавна, судска).  И онака слободата може само да е структурирана како кристал, низ фундаменталните морални вредности, а за нас, суштински проткаени во поглавјата на ЕУ. Слободата не може да е аморфна како амеба, инаку не е слобода, туку зависничка „разгаштеност“, што всушност е бофл-понудата за лажно чувство на извесност на страната која ужива во својот рамноправен статус на „пол“ во таканаречената – поларизација. Но, не е рамноправна и не „пол“, бидејќи кога би била, сите влегуваме во тавтолошкиот круг без морална почетна/крајна алка, а така општество не се гради, туку се руши – темелите ги нема, испаруваат во кругот. Принципите и стандардите на ЕУ се ножиците за сечење на тој ѓаволски круг во Македонија.

Moже да ве интересира