Една година од изборите и Македонија е повторно нивна

Наместо „Македонија повторно твоја“, резимето на една година од избори се трансформира(ше) во „Македонија повторно нивна“.

Во оваа реченица може да се соберат изминатите месеци откако на 8 мај минатата година се одржаа парламентарните ибори.

На темата една година од изборите може да се пријде од повеќе аспекти, но во оваа анализа на Рацин.мк, ќе се задржиме само на економијата и на евроинтеграциите.

Иако беше најавувано фуриозно спроведување на предизборната програма на ВМРО-ДПМНЕ, која требаше да биде, заедно со онаа на коалицијата Влен (Вреди), и владина програма, освен доминанто фуриозното присуство на Мицкоски во јавноста, ефектите од таа програма не ги гледаме ниту ден денеска.

Ако почнеме од економијата и социјалата, единствено што и успеа на новата влада беше ветувањето за зголемувањето на пензиите за 5000 денари линеарно, но и тоа со помош на заемот од Унгарија од 1 милијарда евра. Тоа не само што дополнително ја задолжи земјата, туку и најави дека продолжува навиката на ВМРО-ДПМНЕ да не работи транспарентно. Со месеци и месеци траеше натегањето во кое од една страна јавноста, експертите и опозицијата, да се презентираат условите под кои е добиен унгарскиот кредит, за на крај да испадне дека граѓаните ќе враќаат  еден сериозен дел од тој заем.

Заради нетранспарентноста на Владата во однос на ова прашање и банките, преку кои требаше да се сервисираат парите од кредитот до корисниците, се воздржуваа од тоа да ги прифатат обврските. Заради тоа натегање наместо парите од кредитот да стигнат и да се распределат на почетокот и кон средината на есента, како што најавуваше самата влада, реализацијата на целиот тој аранжман започна дури во новата, 2025 година.

Наместо соработка со синдикатите и работодавачите, владата отвори фронт со работничките сојузи и допопнително го влоши стандардот на граѓаните со мерките за справување со ценовните шкови, кои секогаш беа задоцнети и никогаш не ја постигнаа ефикасноста со која што беа најавувани.

Економски политики вон секоја економска логика

Ванчо Узунов: Според професорот, Македонија се движи во насока на економска и општествена пропаст.

Професорот и економски експерт Ванчо Узунов во анализа за Рацин.мк во однос на ова прашање има свое објаснување и вели дека намести ад-хок неефикасни решенија, треба да се спроведуваат веќе постоечките регулативи.

„Имаме закони што никој не ги спроведува – како оној за нефер трговски практики. Манипулациите со цените продолжуваат, а инфлацијата постојано го јаде стандардот. Владата не покажува интерес ни за зголемување на минималната плата“, објаснува  Ванчо Узунов.

Узунов оценува дека цените растат со осцилации, но трендот е јасен – стандардот опаѓа, а владата не покажува волја да ги зголеми платите.

„Граѓаните живеат сѐ полошо, но се покажуваат како народ со висока издржливост и склоност кон мазохизам“, вели тој саркастично.

Во однос на задолжувањата професорот Узунов дека тоа влијае на јавниот долг и дека тоа е целосно исполитизирана тема и се спровевдуваат политики коишто немаат никаква врска со економските зконитости.

„Се користат статистички трикови за да се претстави ситуацијата подобро отколку што е. Долгот не е прашање само на бројка, туку каде се вложуваат тие пари и дали тие вложувања носат поврат. Кај нас – ниту едното, ниту другото“, вели Узунов.

Како особено алармантен го истакнува фактот дека државата нема ни основна евиденција за тоа каде и како се трошат парите, особено на локално ниво и во технолошко-индустриските зони.

„Немаат податок која фирма заминува, која останува, каква е стратегијата. Никој ништо не знае, никого не му е гајле“, додава.

Како резиме на неговите ставови во економијата, Узунов вели во оваа ситуација добро барем што нема посериозна дестабилизација.

„Не произведуваме нестабилност, и тоа е добро. Но затоа произведуваме сиромаштија и емиграција. Нас не не доживуваат веќе како закана – само како извор на евтина работна сила“, вели Узунов, укажувајќи дека властите очигледно немаат волја за структурни промени, ниту за стимулирање на инвестиции.

Според него, додека опозицијата целосни не се консолидира, власта и понатаму останува недопрена.

„Незадоволни има, ама тоа, според владата, е нивен личен проблем. Владата ќе продолжи да лаже додека може, и тоа може да потрае“, оценува професорот.

Македонија, тажната приказна на Западен Балкан

Во анализата за рацин.мк унивезитетскиот професор Узунов посочува дека, најдобрата економска стратегија за Македонија останува постепената интеграција во заедничкиот пазар на Европската Унија.

„Тоа не е единствената можност, но апсолутно е најдобрата“, вели Узунов. Тој потенцира дека формалното членство е помалку важно од суштинската интеграција – постепено прилагодување на стандардите, отстранување на бариерите и зголемување на способноста за извоз и економска соработка со ЕУ.

Меѓутоа, според него, македонската влада не покажува искрена намера да го спроведе овој процес, ниту, пак, да преземе поголема иницијатива за откочување на евроинтегративниот процес.

Во првите денови, па дури и во првите 100 дена од Владата, Мицкоски чекаше политичка влада во Бугарија.

Еве, во Софија веќе има политичка влада, но од наша страна нема никаква иницијатива.

Во изминатите десет месеци, Мицкоски не се сретна со ниту еден премиер, ниту со претседателот Радев.

Она што не го кажува премиерот е дека тој нема со што да оди во Софија зашто за официјална Софија македонските евроинтеграции сега треба да се откочат во Брисел каде што очекуваат Македонија да ги направи уставните измени и дека може да премине во следната фаза на евроинтеграцијата.

Сѐ додека тоа не се случи, „верглањето“ на Мицкоски декла Македонија нема друг пат освен патот кон ЕУ и дека клучот е во внатрешните реформи за исполнување на Копенхашките критериуми, нема да го помрдне процесот од мртвата точка во која се наоѓа сега.

Па дури е и уназаден, ако се земе предвид изјавата на Марта Кос дека Македонија е тажна приказна меѓу земјите на Западеб Балкан кои птретендираат за членство во ЕУ.

Ако некогаш бевме лидери во овој процес во регионот, сега еврокомесарката за проширување, јасно сатви до знаење дека како што сега стојат работите, само Албанија и Црна Гора, имаат шанса да ги завршат преговорите до 2029, а во 2030 да станат членки на ЕУ.

Изјавите што ги дава сега Мицкоски укажуваат на истите сценарија од времето на Груевски. Груевски никогаш не се откажа декларатибвни од преговорите за промена на името и ниту еднаш не оспори дека иднината на државата е во НАТО и ЕУ. Напротив, тоа му беше мантра до крајот на неговиот мандат, но ништо не презеде како конкретен и храбар чекор.

Од неговиот силен ПР на оваа тема, после 11 години владеење ја направи Македонија „заробена држава“ која повторно се најде на почеток на интеграциите во ЕУ, иако кандидатскиот статус беше добиен во 2005 годин.

„Ние сме за ЕУ, но нема ни за милиметар да отстапиме од нашите ставови дека нема да направиме уставни измени под бугарски диктат“ е сегашната мантра на Мицкоски. Оваа мантра за Македонија направи таа да биде „тажна приказна“ и повторно да биде нивна.

З.Б.

Зачлени се на нашиот е-билтен